|
|
ИНФО
|
|
|
|
|
|
МИЛОШОСКИ: МАКЕДОНИЈА
НЕ ТРГУВА СО ИМЕТО
Лесно е за Грција да се фали со туѓи европски пари, но ние не сме
трговци, ние сме и ќе останеме Македонци, и тоа не зависи од грчките
пари, рече министерот за надворешни работи Антонио Милошоски
коментирајќи ја вчерашната изјава на шефицата на грчката дипломатија
Дора Бакојани дека Атина ќе му даде економска помош на Скопје ако
попушти за името.
Одговорајќи на новинарски прашања по денешната средба со спикерот на
Долниот дом на Парламентот на Канада Питер Миликен, Милошоски информира
дека засега нема официјална најава од медијаторот Метју Нимиц за нова
средба на преговарачите за името на Македонија и на Грција.
Тој се осврана и на билатералниот договор со САД што на 7 мај во
Вашингтон треба да го потпише со американскиот државен секератр
Кондолиза Рајс.
- Очекуваме да потпишеме спогодба за продлабочена билатерална соработка
меѓу Република Македонија и САД. Тоа за нас значи посебно внимание и ќе
има големо значење. Ќе биде уште една потврда дека Република Македонија
останува на курсот на евроаталантските интеграции и инвестира во
стратешкото партнерство штовеќе го има со Вашингтон.
ВО ЧИФТЕ-АМАМ „ДЕНОВИ НА КУЛТУРАТА НА ПУЉА ВО СКОПЈЕ“
Со изложба на дела од млади италијански уметници насловена „Виножитото
на Пуља“, вечер во галеријата во Чифте-амам ќе биде отворена
манифестацијата „Денови на културата на Пуља во Скопје“.
По тој повод регионалниот министер за Медитеран мир и културни
активности на регионот Пуља Силвија Годели престојува во посета на
Република Македонија. Таа денеска ќе се сретне со македонскиот министер
за култура Арификмет Џемаили.
По отворањето на изложбата во галеријата во Чифте-амам ќе се одржи
концерт на класична музика на кој ќе настапат виолинистот Леонардо
Микучи и пијанистот Франческо Базанизи. Изложбата ја организира Музејот
на современа уметност „Пино Паскали“ од Полињано и на неа ќе бидат
изложени дела од Микеле Кароне, Кристина Бари, Гилермина ди Џенаро,
Даниела Курбашио, Клаудио Кулатели, Микеле Џијангранде, Џузепе Теофило и
други.
Во Кинотека на Македонија утре ќе се одржи состанок за соработката меѓу
Пуља и балканските земји за поддршка на развојот на филмската
индустрија. Според најавите, во Кинотеката ќе се одржи и кратка филмска
ревија на дела од режисери од Пуља. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ВЕСТИ
|
ШЕФЕР:
МОЈА ЛИЧНА АМБИЦИЈА Е МАКЕДОНИЈА
ДА ЈА ВИДАМ
ВО НАТО
Моја лична амбиција е вашата земја да ја видам во НАТО. Сметам дека
евроатлантските интеграции се клучни за стабилноста на овој регион, изјави
генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Шефер по средбата со шефот на
македонската дипломатија Антонио Милошоски.
- Јас сум оптимист и гледањето наназад не е од помош. Сакам да гледам
напред и се надевам дека сите го сакаат истото за да се најде решение на
прашањето за името, потенцира Шефер. Тој изрази разбирање за тоа што
Самитот на НАТО во Букурешт во Македонија предизвикал разочарување.
Шефер, како што појасни, е во Скопе со цел да разговара со македонската
Влада за да се види како може процесот да се придвижи нанапред.
- Можете да направите две работи - да гледате назад со лутина и да гледате
напред. Сакам на 9 јули кога Албанија и Хрватска ќе го потпишат протоколот
за пристапување со НАТО, на масата да имаме и трета нација - вашата,
порача првиот човек на Алијансата.
Како генерален секретар на НАТО немам директна улога во процесот за името,
потенцира тој, туку таквата улога ја имаат ОН и медијаторот Метју Нимиц.
- Ќе бидам конкретен каков што бев со вашата Влада. Не можам да бидам
инструмент во овој процес, но можам да бидам од помош. Ја имате можноста
од сега до 9 јули да најдете решение за името, истакна Шефер.
Тој изрази надеж дека предвремените парламентарни избори на 1 јуни ќе
бидат слободни и фер, а по нивното одржување ќе продолжат преговорите за
името.
- НАТО е сојуз кој работи на принципите на консензус и сите 26 членки
треба да се согласат со секоја одлука што Алијансата ќе ја донесе. Тоа за
жал не беше можно во Букурешт, но се надевам дека ќе биде можно наскоро,
порача генералниот секретар на НАТО.
Јап де Хоп Шефер денеска во Скопје се сретна со претседателот Бранко
Црвенковски и со премиерот Никола Груевски по што замина на работен ручек
со министерот за одбрана Лазар Еленовски. |
|
|
|
|
|