ИНФО                                           
     
  МАКЕДОНИЈА НА КОНФЕРЕНЦИЈА НА РАЗВОЈ НА СВЕТСКАТА БАНКА

Македонскиот вицепремиер Зоран Ставрески во Блед учествува на годишната конференција на Светската банка за развојни економии, ABCDE 2007.
На собирот посветен на приватниот сектор и развојот, претставници од Светската банка, високи владини функционери од Европа, Африка и Азија ќе разговараат за подобрување на бизнис климата, развојот на приватниот сектор и друго.
На конференцијата во Словенија учествуваат и претставници на меѓународни финансиски организации, универзитети и истражувачки институции.

ВАШИНГТОН ЗА КОСОВО НЕМА ДА ДЕЛУВА ЕДНОСТРАНО

Соединетите американски држави (САД) нема да преземат еднострани чекори во насока на признавање на Косово и покрај силното руско противење на планот на Обединетите нации (ОН).
Ова во Брисел пред новинарите го изјави висок американски дипломат. Помошникот на американскиот државен секретар Даниел Фрид повтори дека на московските разговори Кондолиза Рајс и претседателот Владимир Путин не успеале да ги надминат различните ставови околу Косово.
Сепак, Вашингтон и натаму ќе оди со резолуција на Советот за безбедност на ОН, додаде Фрид
„Не гледаме никакви предности од преземање акции надвор од Советот за безбедност, туку во секој случај само недостатоци. Резолуција на Советот за оваа тема е подобро решение”, рече Фрид по краткиот престој во командата на НАТО во Брисел.
Тој предупреди дека признавањето на Косово без „благослов” на ОН би било опасно. „До независноста веројатно ќе дојде на овој или начин, таа ќе биде надгледувана и контролирана, па затоа е најдобро решение за сите“, нагласи Фрид.

ПРИНЦОТ ХАРИ НЕ ОДИ ВО ИРАК

Принцот Хари нема да биде испратен на воена служба во Ирак, соопштија синоќа британски армиски извори.
Одлуката ја соопшти началникот на пешадијата, генерал Ричард Данат. ќе остане во земјата. Причината поради која принцот Хари третиот престолонаследник во хиерархијата нема да им се приклучи на британските војници во Ирак се „специфични закани“ по неговата безбедност
„Одлучив принцот Хари да не биде испратен во Ирак. Одлуката е конечна и мотивирана од последните консултации и заклучоците од мојата неодамнешна посета на Ирак, соопшти генералот Данат.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  КОНФЕРЕНЦИЈА „МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ – ПРИДОНЕС ЗА ЕВРОПСКИОТ ИДЕНТИТЕТ”

Меѓународна конференција на тема „Македонија во ЕУ – придонес за европскиот идентитет” започнува денеска во Охрид.
Организатори се Паневропската унија на Македонија, Собранието и Министерството за надворешни работи.
Како што е најавено на конференцијата ќе учествуваат шеф на делегацијата на Европскиот парламент (ЕП) за југоисточна Европа Дорис Пак, почесниот претседател на Паневропската унија Ото фон Хабсбург, членови на Паневропската унија и на Европскиот парламент.
Од македонска страна на собирот во Охрид ќе учествуваат и претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.
На конференцијата ќе учествуваат претседателот на Собранието Љубиша Георгиевски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, членови на Паневропската унија, членови на Европскиот парламент (ЕП), меѓу кои и Дорис Пак, шеф на делегацијата на ЕП за југоисточна Европа.
Во рамките на Конференцијата ќе се одржат панел-дискусии, на теми „Македонија во ЕУ – кандидат со перспектива“, „Предизвиците за Европа во 21 век“ и „Македонија во ЕУ – придонес за европскиот идентитет“.