|
|
ИНФО
|
|
|
|
|
|
МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА УВЕЗЕ СТРУЈА!
Во 2007 година Македонија ќе треба да плати 240 милиони евра за увоз на
2,8 милијарди киловат-часови електрична енергија, што е повеќе од двојно
од годинава. Енергетскиот биланс на државата за наредната година е готов
и беше разгледан од Македонската енергетска асоцијација. Најголеми
потрошувачи остануваат "Силмак", "Фени" и "Скопски легури", кои за
наредната година побараа двојно повеќе струја. Тоа ќе ја зголеми
вкупната потрошувачка во земјава за 13,13 отсто.
МОЖНОСТ ДА СЕ ОБНОВАТ ГРОБОВИТЕ НА МИСИРКОВ И НА ПЕТРОВ
Обновата на гробиштата е цивилизациски чин. Во Бугарија никој нема да и
се спротивстави на Република Македонија ако искаже желба да ги обнови
гробовите на Крсте Мисирков или на Ѓорче Петров. Се разбира, во договор
со роднините. Мртвите треба да се почитуваат.
"Деновиве јас размислувам да иницирам обнова на гробовите на Мисирков и
на Петров", изјавил Божидар Димитров, познат по ставовите кои го
негираат постоењето на македонската нација.
ПРИВАТНИ ОСМОЛЕТКИ
Собраниската Законодавно-правна комисија едногласно го поддржа предлогот
на Владата за промени на Уставот, со кои се предвидува воведување
задолжително средно образование и давање уставна можност за основање
приватни образовни установи уште од основното образование.
"Ваквата иницијатива во основното образование ќе ја зајакне
конкуренцијата и ќе ги растовари јавните образовни установи, но
интенцијата е и натаму да остане доминантно јавното основно
образование", рече Јован Лазаров, заменик-министер за образование.
"ТАНЕЦ" ШТРАЈКУВА ЗА ПЛАТА
Дваесеттина играорци-хонорарци во Ансамблот за народни игри и песни
"Танец", поддржани од вработените, веќе една седмица штрајкуваат зашто
десеттина нивни колеги веќе осум месеци се со нерегулиран статус,
бидејќи Музичка младина на Македонија одбива со нив да ги потпише
договорите за работа.
Тие веќе неколку години работат хонорарно во "Танец", а биле примени
преку Музичка младина на Македонија. Играорците се жалат и дека платите
неколку пати им се давале со задоцнување. По извршениот притисок,
Музичка младина на Македонија им ги исплатила хонорарите, но се уште ги
немаат потпишано договорите за работа.
ШТИТОВИТЕ ДАР ЗА БОГА
Според археологот Драги Митревски, професор и раководител на Катедрата
за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, македонските штитови
од II век пред новата ера, пронајдени во околината на прилепското село
Бонче, биле дарови за боговите. По археолошките ископувања спроведени во
јамата, во која диви копачи пред повеќе од половина година ги откопале
ексклузивните предмети, археолозите пронашле вотивна керамика, нож и
садови кои насочуваат на дадената констатација на археологот Митревски.
ЧЕСТВУВАЊЕ НА "СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" ВО АВСТРАЛИЈА
Црквата "Св. Климент Охридски" во Канбера, помогната од Амбасадата на
Република Македонија го одбележа својот патронен празник со Фестивал на
македонската култура и храна. На фестивалот беа претставени народни
носии, икони, везови, сувенири и елементи од македонска софра како и
теракотни икони од Македонија, паноа со фотографии и мотиви од
Македонија и слики на уметници кои живеат во Канбера.
Во културно-уметничката програмата се претставија македонски
културно-уметнички друштва од австралиските градови Квинбијен, Рокдејл,
Волонгонг и од Сиднеј, а беше одржана и ревија на македонски народни
носии. Беа претставени традиционалните македонски инструменти, гајдите и
тапаните, како и специјалитети од богатата македонска кујна.
15. МАТУРСКА ВЕЧЕР ВО ВИКТОРИЈА
На 3 декември 2006 година, се одржа 15. по ред матурска вечер на
студентите од 12- та година кои успешно го положија испитот по
македонски јазик во редовната настава во Викторија, Викториското
училиште за јазици и Нов Јужен Велс. Оваа година испитот по македонски
јазик го положија 120 ученици, бројка која навистина радува ако се земе
предвид фактот дека речиси една третина од студентите веќе се трета
генерација Македонци во Австралија.
Поради овој настан македонскиот премиер Груевски испрати честитка во
која се вели дека "матурантите се дел од матичната држава и Македонија
мора да гради мостови кон своето иселеништво, кое е составен дел од
битието на нашиот народ". |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ВЕСТИ
|
ОРУЖЈЕТО КУПЕНО ОД МАКЕДОНИЈА СЕ ЧУВА, ТВРДИ НАЦИОНАЛАТА БУГАРСКА СЛУЖБА
„БЕЗБЕДНОСТ“
Внесеното оружје од Македонија се чува во согласност со барањата на
бугарските закони и во согласност со фирмата-увозник, а македонската фирма
- продавач дала согласност на бугарскиот купувач да влегува во
производство или да го продава на трети страни предметот-стоката која е
дел од купопродажниот договор, се наведува во извештајот на националната
бугарска служба „Безбедност“.
Како што јавува МИА, Службата тврди дека во врска со зделката од април
2006 година, Министерството за одбрана на Македонија издало решение за
експорт од територијата на државата.
Претходните три доставки на оружје од МО на Македонија за Бугарија се
извршени согласно решение за увоз од јуни 2005 година од меѓуресорска
комисја за експортна контрола и нераспространување на оружје за масовно
уништување и одлука од националната служба Полиција-МВР за превоз на
стоката до складиштата на бугарската фирма – купувач.
Во него се додава дека товарот бил за Бугарија по официјално решение за
внесување издадено од страна на бугарски компетентни органи, од јуни 2006
година.
Освен тоа, македонската фирма имала задолженија да обезбеди придружба на
товарот до напуштањето на Македонија, се вели во соопштението од
националната бугарска служба „Безбедност“.
Македонската полиција во четвртокот минатата недела заплени оружје при
контрола на три камиони со бугарски регистарски таблички, при што беа
пронајдени 300 парчиња митралези калибар 7,62 мм, 300 постаменти за нив и
33 минофрлачи калибар 120 мм. На возачите на камионите од им е определен
30-дневен притвор. |
|
|
|
|
|