ИНФО                                           
     
  ХАШКИОТ ТРИБУНАЛ ГО ОДЛОЖИ РАСПИТОТ

Поради зафатеност на своите истражители, Хашкиот трибунал го одложил распитот на другите тројца сведоци од дополнителната истрага за случајот "Љуботен". Претходно хашките истражители во Скопје го почнаа истражувањето со Златко Кескоски, еден од четворицата сведоци. Кескоски беше шеф на обезбедувањето на поранешниот претседател Борис Трајковски, а потоа работеше во Управата за безбедност и контраразузнавање. Во просториите на УНХЦР во Скопје, Кескоски бил сослушуван десетина часа.
 
     
 

НОВИ КНИГИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА

Деновиве од печат излегоа две нови книги со теми од македонската историја. Првата книга е во издание на МНЛД "Григор Прличев" од Сиднеј со наслов "Роднинската врска помеѓу македонскиот средновековен цар Самуил и британската кралица Елизабета Втора". Оваа книга е објавена на англиски, а нејзин автор е Александар Донски. Книгата нуди докази за крвната поврзаност меѓу денешната британска кралица и цар Самуил. Книгата има 100 страници и дваесетина илустрации.
Втората книга е со наслов "Сведоштва од Илинденскиот период". Нејзин издавач е "Австралиско-Македонски Неделник" од Мелбурн. Книгата нуди досега необјавени автентични кратки сеќавања за случувањата во Илинденскиот период од неколку учесници во тие настани. Коментарот на овие сведоштва е од Александар Донски и Атанас Кирјаков (македонски активист од Пиринскиот дел на Македонија, кој е и најзаслужен за обелоденувањето на овие сведоштва).

 
     
  ТРАГИЧЕН СЛУЧАЈ ВО АРМ

29-годишниот капетан Симо Кршоски, заменик-командир на граничната караула "Радика", бил затрупан од лавина и на телото имало знаци на задушување и замрзнување. Ова се резултатите од обдукцијата извршена во Институтот за судска медицина, а ги соопшти армискиот портпарол, полковник Димче Петровски. Инаку, телото на капетанот Симо Кршоски беше најдено во снегот во близина на границата меѓу Македонија, Албанија и СиЦГ, на делот од Косово.
 
     
  ПОВРЗУВАЊЕ НА УЧИЛИШТАТА СО ИНТЕРНЕТ

До септември оваа година, во рамките на проектот "Училиште на Интернет", кој беше претставен од генералниот директор на "Македонски телекомуникации", Атила Сандреи, околу 350 училишта треба да добијат бесплатна АДСЛ Интернет-врска. Оваа акција ќе биде изведена во соработка со Министерството за образование.
Заменик - министерот за образование Тале Герамитчиоски вели дека има училишта кои сe уште не се поврзани на Интернет, но најави дека состојбата ќе се подобри со новата донација на кинеската Влада од околу четири илјади компјутери.
 
     
 

ДО КАДЕ ШТО НИ Е КУЛТУРАТА, ДО ТАМУ Е МАКЕДОНИЈА

Во организација на Културниот центар и Театарот "Скрб и утеха", продукцијата "Дион" и едицијата "Лицеум" во Културно - информативниот центар Салон "19,19", на 25 и 26 февруари 2005 година ќе се одржат традиционалните македонски културни средби "Дионисови чествувања-Мину Угриновска". Станува збор за средби на македонската култура од Пиринско, Родопите, Егеј, Гора, Голо Брдо, Преспа и дијаспората. И годинава програмата ќе биде збогатена со фолклор, изворно пеење, театар, филм, претставување книги, изложби, предавање за сличноста на Хомеровиот и македонскиот јазик на лингвист од Канада. Целта на овие културни средби е да се обедини поделената македонска култура во духот на евроинтеграцијата.

 
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

 

АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ДИСКРЕЦИСКИТЕ ОВЛАСТУВАЊА

 
Македонската Влада ќе изготви акционен план за намалување на дискрециските овластувања на министрите што ќе ги содржи сите потребни измени во сегашнми закони, заклучиле на денешната средба владините претставници, експертскиот тим, Антикорупциската комисија и НВО Транспарентност Македонија.
"Не станува збор за укинување на овие овластувања бидејќи тоа би ја блокирало извршната власт, туку за нивно намалување врз основа на изврешените анализи", изјави по средбата министерката за правда Мери Младеновска-Ѓорѓиевска. Според неа, во овој процес значајно е да се утврдат точките по кои најчесто можат да се јават сомнежи за евентуални коруптивни дејства.
"Треба да се овозможи поголемо следење и контрола на дискрециските овластуања на министрите бидејќи така јавноста и сите заинтересирани ќе можат да се информираат за нивната работа", рече министерката министерката за правда.
Учесниците на денешниот состанок се согласиле дека треба да се внимава во дефинирањето на тоа што значи дискрециско овластување. Експертската група веќе изготвила поимник за тоа кое право е дискрециско, а кое не.
Како што појасни министерката Младеновска - Ѓорѓиевска со акциониот план ќе бидат предвидени и рокови за сите активнсти, а приоритетите треба да се утврдат до март годинава.