|
|
ИНФО
|
|
|
|
|
|
НЕМА ЗАГИНАТИ МАКЕДОНЦИ
ВО ПОЖАРИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА
Нема настрадани Македонци во пожарите што деновиве ја зафатија
Австралија, тврди Ицо Најдовски, секретар на Македонската заедница од
австралиската сојузна држава Викторија.
Информацијата објавена во некои медиуми дека наводно загинало
четиричлено македонско семејство, што предизвика паника кај Македонците
ширум светот, а особено во Република Македонија, не е точна. Штета има,
но настрадани македонски семејства до овај момент нема, вели Најдовски.
Во огнената стихија целосно изгоре манастирот Св. Климент Охридски во
областа Кинг Лејк. Од првиот македонски православен храм во
иселеништвото изграден 1973 година, а осветен од првиот поглавар на МПЦ
блаженоупокоениот г.г. Доситеј, се останати само тулите. Пеплосани се и
боровата шума и тревата околу него. Македонските иселеници во Викторија
веќе се организараат за обнова на манастирот.
Викторија е една од федералните држави на Австралија која буквално
целосно е зафатена од огнената стихија во последните 4-5 дена. Во
саботата температурата го собори рекордот искачувајќи се до 48 степени
целзиусови. Жешкото време е проследено со силен ветер кој достигнуваше
брзина и до 100 км. Пожарите кои однесоа над 180 животи, се уште беснеат
на 20 места. Изгорени се над 750 куќи и 400.000 хектари шума. Покрај
пожарникарите и доброволците, во справувањето со огнената стихја
вклучени се и 44 хеликоптери, како и војската.
НАТАША ДИМОВСКА-УЗУНОВСКА
НА ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА НА ЖЕНИ АВТОРИ ВО ЖЕНЕВА
На годишната Меѓународна изложба на уметнички дела на жени автори во
седиштето на Меѓународната организација за интелектуална сопственост во
Женева учествува и претставничка од Македонија. Наташа
Димовска-Узуновска се претставува со пет уметнички фотографии,
изработени во stil live - во моментов тренд фотографска техника во
Европа.
Изложени се повеќе од 60 остварувања на учеснички од над 25 земји, кои
презентираат дела во различни техники - платно, акварел, графика,
скулптура, фотографија.
Изложбата има хуманитарен карактер зашто дел од приходите ќе бидат
наменети за добротворни цели. Ја подготви Организацијата на жените при
Канцеларијата на Обединетите нации во Женева, а покровител на изложбата
е Гари Франсис, генерален директор на Меѓународната организација за
интелектуална сопственост.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ВЕСТИ
|
ВО ЊУЈОРК
НОВА РУНДА ПРЕГОВОРИ
ЗА ИМЕТО
По пауза од четири месеци денеска во Њујорк продолжуваат
македонско-грчките преговори за надминување на разликите околу употребата
на уставното име на Република Македонија. Посредникот на ОН Метју Нимиц
првпат на заедничка маса ќе ги седне новиот македонски преговарач,
амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот Адемантиос Василакис.
На оваа рунда преговори, според најавите во Скопје и во Атина, не се
очекува нов предлог од Нимиц, туку треба да бидат прецизирани позициите на
двете страни, да се разгледаат идеи и сугестии во врска со преговарачкиот
процес. И Македонија и Грција остануваат на официјалните позиции -
македонската за двојната формула, едно име што ќе се договори за
билатерална комуникација со Атина и уставното за сите други, а грчката за
едно име со географска одредница за севкупна употреба.
Изгледите за прогрес на денешната средба во Њујорк се скромни, коментираат
медиумите во Грција. „Катимерини“ таквата констатација ја поткрепува со
последните изјави на шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани и на
македонскиот премиер Никола Груевски. Бакојани за албанскиот весник
„Панорама“ вели дека нема позитивна атмосфера меѓу двете земји поради
„серијата провокации од Скопје“. Груевски, пак, наведува весникот, на
безбедносниот форум во Минхен обвини дека Грција со своето однесување ги
поткопува мирот и безбедноста во регионот, повторувајќи оти Скопје не ја
менува тактиката.
Последната формална средба на Нимиц со преговарачите на двете земји се
одржа во Њујорк на 8 октомври, кога медијаторот предложи „сет идеи“ за
решавање на проблемот, кои и Скопје и Атина ги оценија како неприфатливи.
Грција веќе 17 години го оспорува правото на Република Македонија да се
именува со своето уставно име со образложение оти тоа изразува
територијални претензии кон истоименета северна грчка провинција. Поради
противењето и притисоците од Атина, приемот на Република Македонија во ОН
на 8 април 1993 година со кој се потврди нејзиниот меѓународно-правен
субјективитет, беше направен под привремената референца "поранешна
Југословенска република Македонија" што е актуелна и денес.
Грција поради несогласување со името и државното знаме на Република
Македонија со 16-крако сонце, во февруари 1994 година воведе целосно
трговско ембарго кон Македонија. Трговската блокада беше во сила 18
месеци. Штетата што ја претрпе Република Македонија од грчкото ембарго,
според проценките на економските експерти, изнесуваше околу 2 милијарди
долари.
Односите меѓу Македонија и Грција се подобрија по потпишувањето на
привремената билатерална спогодба за соработка по укинувањето на
едностраното ембарго. Политичките реалции меѓу двете земји поворно се
заладија по грчкото вето во Букурешт, што од македонска страна беше
оценето како грубо прекршување на привремената спогодба и непочитување на
одредбата дека Грција нема да го попречува приемот на Македонија во
меѓународни организации под привремената референца. Поради тоа Македонија
поденсе тужба против Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. |
|
|
|
|
|