|
|
ИНФО
|
|
|
|
|
|
ОД 1 ЈАНУАРИ НА
ПАЗАРЕЊЕ СО ТОРБА ОД ДОМА
Граѓаните од Нова година пластичните ќеси што досега ги добиваа при
пазарењето во продавниците ќе мора да ги заменат со хартиени или
платнени торби што ќе си ги носат од дома, а за купена стока потешка од
пет килограми за да добијат ќеса ќе мора да платат.
Забраната за користење на пласични ќеси произлегува од наредбата на
Министерството за животна средина и просторно планирање, со што ќе се
отстранат малите ќеси во кои се пакуваат производите купени во
малопродажната мрежа. Според наредбата, продавачите не смеат да даваат
пластична ќеса за купената стока полесна од пет килограми, додека за
поголема тежина од таа купувачите мора сами да си платат.
Исклучок се ќесите кои се употребуваат за размерување и пакување на
храна и прехранбени производи, зеленчук, овошје, месо, брашно.... кои на
барање на купувачот се размерува и пакува во помала количина со носивост
до пет килограми.
Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи смета
дека со секој даден минимален паричен износ за купена ќеса, кај
граѓаните ќе се подигне сознанието дека влијаат негативно врз животната
средина.
- Со ова настојуваме кај граѓаните да се подигне јавната свест и
одговорност за влијанието што го вршат врз животната средина, вели
Јакупи.
Министерството, како алтернатива посочува користење на хартиени ќеси и
платнени торби и препорачува ќеси од рециклирана хартија.
Наредбата не се однесува за примена на пластични ќеси за транспорт на
производи од текстил, техничка стока, мебел, санитарии, железарии,
лекови и помошни медицински производи, садови за домаќинство, сите
видови обувки, детски играчки, спортска опрема и слична габаритна стока,
која не е предмет на секојдневна општа потрошувачка.
Во аптеките наредбата се применува само при продажбата на козметичките
производи, додека за лековите и помошните медицински производи не се
однесува.
Определбата на Владата целосно е поддржана од Групацијата за
производство и преработка на пластични маси, но сметаат дека рокот за
примена на наредбата е прекраток.
Иницијативата за забрана ќесите со носивост помала од пет килограми е на
Министерството за животна средина и просторно планирање заради заштита
на животната средина, а произлегува од Законот за животна средина кој е
во согласност со директивите на ЕУ. Глобата за непочитување на наредбата
за правните лица изнесува 6.000 евра.
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ВЕСТИ
|
ПРОМОВИРАНИ НОВИТЕ УНИФОРМИ
НА АРМ
Во присуство на министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на ГШ
на АРМ Мирослав Стојановски, високи воени претставници и воени аташеа на
дипломатските претставништва во земјава, денеска во Домот на АРМ по 16
години од постоењето, Армијата промовираше сопствена препознатлива
униформа.
Министерот Коњановски во обраќањето потенцира дека овој настан е од
непроценлива вредност затоа што новите униформи, како што подвлече, се
новото лице на веќе етаблираната АРМ која професионално и целосно е
подготвена да биде дел од НАТО.
- Униформите претставуваат спој на традицијата, на историјата, но и на
претставата за модерна и професионална армија. Исполнети се и стандардите
кои гарантираат дополнителна безбедност и ефикасност во исполнувањето на
борбените задачи, рече Коњановски. Тој уште еднаш нагласи дека продолжува
реформскиот процес на Армијата, која успешно се носи со сите предизвици на
новото време.
Новите армиски униформи вклучуваат борбена, службена и свечена облека,
главно сина и петролеј боја, во комбинација со бели кошули. Изработени се
согласно дефинирани квалитативни карактеристики со дефинирана боја,
квалитет на ткаенина и дигитална шара за борбена униформа. Во целост се
задоволени поставените оперативно - тактички барања и НАТО стандарди.
Првпат се воведува и женската униформа.
Во борбената облека изработени се основен, универзален и пустински стил.
Борбената облека е со намена за заштита од агресивни хемиски средства,
атмосферски влијанија, заштита од топлотни дејства, но и за прекривање во
предели со доминатно зелена боја на опкружување, а за пустинската
униформа, прикривање во пустински предели со доминантно песоклива боја на
опкружување и согласно дефинираните мисии на Армијата.
По неколку новинарски прашања за цената на чинење, односно колкав дел од
буџетот на МО е одвоен за новите униформи, министерот Коњановски посочи
дека наредните месеци одредена количина од пробните униформи ќе бидат
испратени во единицата и ќе се добијат сознанија за нивниот квалитет, по
што ќе се објави тендер за набавка на материјалите, односно за шиење на
униформите. Според Коњановски, самите тендери ќе ја определат цената на
униформите.
- Униформите се производ на заедничка работа на МО и на ГШ на АРМ, со
користење искуства на експерти од оваа област. Авторските права за
униформите се на МО. Според бројноста на Армијата, сметавме дека не е
најевтина варијанта да развиеме наш модел чизми, ќе ги искористиме
квалитетните чизми од која било светска фирма, кои ќе одговараат на нашите
барања за квалитет, рече Коњановски.
Министерот за одбрана Зоран Коњановски најави дека во првите 15 дена од
јануари идната година ќе се промовира првата фаза од проектот за
комерцијализација на армискиот полигон Криволак. |
|
|
|
|
|