|
|
ИНФО
|
|
|
|
|
|
РАДОВАН КАРАЏИЌ
ПРЕФРЛЕН ВО ЗАТВОРОТ ВО ШЕВЕНИНГЕН
Портпаролoт на Хашкиот трибунал Нерма Јелачиќ потврди денеска дека
поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ пристигнал во
притворската единица во Трибуналот во Шевенинген.
Караџиќ е префрлен од аеродромот во Ротердам, најверојатно со едно од
двете возила кои беа видени како влегуваат во предворјето на
притворската единица.
Меѓутоа, не е исклучено дека Караџиќ е донесен со хеликоптер со оглед на
тоа дека половина час по влегувањето на двете возила, над Трибуналот
летаа два хеликоптера од кои еден слета на хелиодромот на Хашкиот суд.
Детали за префрлањето на Караџиќ во Хаг се очекуваат на прес
конференција која ќе се одржи напладне во Трибуналот.
Авионот, што го пренесе Караџиќ во Холандија, утринава околу 6:30 часот
пристигна на аеродромот во Ротердам и веднаш бил сокриен во еден од
хангарите на аеродромот, јави Франс прес.
- Караџиќ е екстрадиран во Хаг за да биде изведен пред Меѓународниот суд
за воени злосторства во поранешна Југославија, соопшти ноќеска
претставник на српските власти.
Три џипа со затемнети стакла околу 3,45 часот по локално време излегоа
од зградата на српскиот Специјален суд за воени злосторства во Белград.
Вработена во српскоот обвинителство, која посака анонимност, потврди
дека караџиќ беше во еден од автомобилите што излегоа од зградата на
судот, каде беше држан од неговото апсење на 21 јули.
Поранешниот лидер на босанските Срби беше следен од маскирани припадници
на тајните служби. Џиповите отидоа до белградскиот аеродром, каде
63-годишниот Караџиќ беше качен на мал авион што се упати за Холандија.
Одлуката за екстрадирање на Караџиќ ја донесе министерката за правда
Снежана Маловиќ во согласност со законот за сораборка со Трибуналот во
Хаг, пренесоа српските медиуми.
Адвокатот на Караџиќ, Светозар Вујачиќ доцна синоќа изјави дека не зане
кога неговиот клиент ќе биде екстрадиран во Хаг.
Поранешниот лидер на босанските Срби во Хаг ќе одговара за 11
обвиненија, вклучувајќи ги и оние за геноцид, воени злостроства и
злосторства против човештвото. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ВЕСТИ
|
СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски, за денеска свика
седница на Советот за безбедност.
Како што соопшти неговиот Кабинет, на седницата ќе бидат разгледани
неопходните предуслови за спроведување на реформите во областа на
одбраната, согласно стандардите на НАТО и потешкотиите при нивното
имплементирање. Посебен акцент ќе биде ставен на учеството на македонските
војници во меѓународните мировни мисии.
Македонскиот Совет за безбедност го сочинуваат претседателите на државата,
на Собранието и на Владата, министрите за одбрана, за внатрешни и за
надворешни работи и тројца членови кои ги именува шефот на државата.
|
|
|
|
|
|