ИНФО                                           
     
  СВЕТСКИ ДЕН НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
ПОД МОТОТО „CO2 - ДА ГИ МЕНУВАМЕ НАВИКИТЕ“

Светскиот ден на заштита на животната средина- 5 јуни, годинава се одбележува под мотото „ Емисија на CO2 - како да ги менуваме навиките“ и е во знакот на намалувањето на емисијата на јаглерод-двооксидот во атмосферата, кој на планетата Земја го создава ефектот на „стаклена градина“.
Одбележувањето на Денот на животната средина, кој Генералното собрание на ОН го усвои во 1972 година, претставува едно од главните средства со кои ОН ширум светот го стимулира значењето на зачувување на животната средина и го поттикнува зголемувањето на активностите за нејзина заштита.
Со цел да се намали емисијата на јаглерод-двооксид и другите гасови, што го предизвикуваат ефектот на „стаклена градина“, на 11 декември 1997 година во јапонскиот град Кјото е потпишан Меѓународниот договор за климатските промени-„Кјото протокол“, во организација на Конвенцијата на ОН за климатски промени.
За неговото стапување во сила беа потребни ратификација на договорот од најмалку 55 држави и посебо државите кои ќе го ратификуваат протоколот да сочинуваат најмалку 55 отсто од загадувачите, што и се случи на 16 февруари 2005 година, кога Русија го ратификува Протоколот. САД досега одбиваа тоа да го сторат.
„Кјото протоколот“ предвидува намалување на испуштањата на шест гасови кои го предизвикуваат ефектот на „стаклена градина“: јаглен- двооксид, метан, азоот-двооксид, флуор-јагленводород, перфлуор-јагленводород и хексафлуорид.
- Да ги промениме лошите навики на наша зависност од горива засновани на јаглерод чие согорување доведува до зголемување на стакленичките гасови во атмосферата и е главен виновник за климатските промени. Сите ние сме дел од можностите. Без разлика дали поединци, организација, бизнис или влада, постојат многубројни чекори кои можат да се превземат со цел да ја смалиме трагата како јаглероден загадувач. Тоа е порака која сите ние мораме да ја сфатиме сериозно, се наведува во пораката што по повод одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина ја упати генералниот секретар на ООН Бан Ки-мун.
Тој посочува дека минатата година, добитникот на Нобеловата награда за мир, Интервладиниот панел за климатски промени ги совлада сите сомнежи на скептиците во однос на глобалното затоплување кое е предизвикано од емисијата на јаглеродниот диоксид. Еколошките, економските и политичките импликации на глобалното затоплување се апсолутно непроценливи, а цената од употребата на јаглеродните горива, вели Ки-мун, ќе ја платиме сите ние - сиромашните ќе бидат зафатени од катастрофите предизвикани од природните појави и големата инфлација за основните прехранбени продукти, најбогатите држави кои се сочуваат со економски рецесии, а и земјите во конфликт кои немилосрдно ги надминуваат нормалните потреби за ресурси.
- Намалувањето на интензитетот на климатските промени, и искоренување на сиромаштијата и промоција на економска и политичка стабилност, сите насочуваат кон еднозначното решение: мораме да ги напуштиме досегашните навики за неодржливото искористување на јаглеродните ресурси, истакнува Ки-мун.
Во тој контекст, се наведува, охрабрува развојот на технологии за искористување на алтернативните извори на енергија, како и тоа што и владиниот и бизнис секторот стануваат свесни дека адресирањето на глобалното затоплување може да заштеди многу пари и воедно да ја зајакне економијата. Според некои проценки, цената за борба против климатските промени е помала од еден процент од Бруто домашниот производ, што се смета за скромен влог во интерес на глобалната војна. Во ОН и сите негови агенции во сила се инструквии за нивно претструктуирање кон намалување на јаглеродното искористување.
Оваа година, Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) ја објави мрежата за неутралност кон климатските промени, CN Net, со цел да го зајакне растечкиот тренд. Нејзините почесни членови, кои вклучуваат земји, градови и компании, се пионерите на движењето кои многукратно ќе ги зајакнат и дефинираат еколошката, економската и политичката одговорнос, како и процесот на планирање и одлучување во текот на наредните декади.
По повод Светскиот ден за заштита на животната средина, лицата со статус на бегалци како и децата од ромската заедница со поддршка од Високиот комесаријат за бегалци на ОН, денеска во дворот на Центарот за едукација и јавни услуги на општина Шуто Оризари ќе засадат дрвца, а потоа ќе цртаат и ќе дебатираат на тема екологија. Предвидено е младите Роми - бегалци заедно со Младинскиот клуб на градскиот Црвен крст да ја посетат и парк-шумата Водно, каде исто така ќе бидат засадени дрвца и ќе биде исчистена околината на поранешниот колективен центар.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  ГРУЕВСКИ И СТАВРЕВСКИ ВО ЊУЈОРК ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА НА СВЕТСКА БАНКА ЗА РЕФОРМИТЕ ВО БИЗНИС-КЛИМАТА

Претседателот на македонската Владата Никола Груевски доцна синоќа по македонско време ја прими наградата за реформите што ги спроведе Македонија која според Извештајот „Doing business 2008“ на ИФЦ - Светска банка е на четврто место на листата на 10 најреформски земји во светот, јави известувачот на МИА од Њујорк.
Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески претходно учествуваа на форум на инвЕститори од Рефомскиот клуб кој го организираше Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на групацијата на Светска банка. На форумот учествуваа министри и дипломати од седум земји кои се на листата на 10 најреформски во светот - Египет, Хрватска, Грузија, Колумбија, Саудисика Арабија и Бугарија, како и повеќе претставници на Светска банка, ИФЦ и големи меѓународни инвестициски корпорации.
Груевски и Ставрески во своите обраќања на форумот ги истакнаа предностите на Македонија и реформите што ги спроведе Владата, меѓу кои се намалување на даноците, подобрувањe на работата на катастарот, зaбрзување на процедурата за отпочнување бизнис и формирање компанија и другите нешта кои минатата година беа дел од реформите со кои е подобрена бизнис-климата и кои надвор од Македонија се вреднуваат многу позитивно.
- Токму поради реформите што ги спроведовме, на Македонија се гледа со многу почит и како на земја која е многу погодна и интересна за инвестиции, изјави премиерот Груевски по форумот.
- Македонија со внимание следи што се случува во другите девет земји кои се меѓу најдобрите реформатори затоа што некои од нивните искуства можат да се применат и кај нас, рече Груевски и додаде дека денешниот настан исто така е добра прилика за средба со повеќе инвеститори кои се присутни во Њујоршката берза.
Во однос на четвртото место во светот на листата на 10 најреформски земји според „Doing business 2008“ Груевски истакна дека без оглед на тоа што Македонија е на високото четврто место, земјата продолжува со реформите, со подобрувањето на бизнис-климата која треба да резултира со повисок економски раст, со повеќе инвестиции, поголем извоз, поголемо производство и со отворање на повеќе работни места.
- Не сме оптоварени со тоа на кое место сме, најважно е работите да се завршуваат и да се оди напред. Секако дека признанијата се пријатни затоа што светските инвеститори зборуваат за нив и постојано слушаат за разни награди, така што добро е да бидеме присутни во еден таков амбиент, подвлече Груевски.
На прашањето дали освојувањето на власт и победата на предвремените парламентарни избори прави разлика во разговорите со инвеститорите, Груевски рече дека тие очекуваат Владата да продолжи да работи на ист начин.
- Се разбира дека има некакво мало влијание, секој инвеститор сака да има извесност за кога ќе дојде во земјата, кога стартува, да знае дека во наредните неколку години ќе има предвидливи политики на Владата. Кога Владата останува иста, инвеститорите имаат предвидливи политики, а нашата Програма е многу јасна, транспарентна, јавно објавена и достапна за секого. Тоа е една олеснителна околност за многу инвеститори коишто ги следат овие чекори, истакна македонскиот премиер.
Вицепремиерот Зоран Ставрески повтори дека реформите се континуиран процес и оти е важно да се продолжи со подобрувањето на бизнис-климата во Македонија.
- Овој форум на којшто се присутни повеќе од 100 најпознати инвеститори во светот, каде што за Македонија се зборува во позитивно светло, е најдобрата реклама и препорака што може да се направи за Македонија со цел инвеститорите да видат дека во Македонија се случуваат добри и позитивни работи, дека бизнис-климата и реформите и се најзначјани на Владата, што секако ќе резултира со повеќе инвестиции кои значат поголем економски раст, повеќе работни места и подобар животен стандард, изјави вицепремиерот Ставрески.
Тој истакна дека Владата ќе продолжи да работи на сите мерки предвидени во Програмата „Преродба во 100 чекори“ за следните четири години во која токму врз основа на препораките од Doing business и искуствата од други земји се предвидуваат нови 50-ина реформски мерки за подобрување на бизнис-климата. Меѓу овие мерки Ставрески ги истакна намалувањето на социјалните придонеси за една третина со што ќе се намалат трошоците на фирмите и ќе се зголеми нивната конкурентност, воведување на концептот на бруто-плата што значи дека и работниците ќе почувствуваат придобивки од заштедите што ќе се напрват, корекција на платите нагоре, воведување можност за електронско водење на судските случаи со цел забрзување на судските постапки и да нема влијание на човечкиот фактор врз одредувањето на судиите, воведување поголема флексибилност на пазарот на работна сила со што ќе се даде можност за вработување на одредено време и друго.