ИНФО                                           
     
  МАКЕДОНИЈА Е ДОБРА БИЗНИС ДЕСТИНАЦИЈА, ИМ ПОРАЧА МАКЕДОНСКИОТ ВЛАДИН ТИМ НА АВСТРИСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ

Приказната за Македонија како успешна бизнис дестинација македонскиот владин тим предводен од заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Зоран Ставревски денеска во Виена ја презенетираше пред стотина претставници на најголемите австриски компании.
Вицепремиерот Ставревски, јави известувачот на МИА од Виена, се осврна на досегашните реформи кои ја раздвижија економијата и придонесоа за најголемиот пораст на бруто домашниот производ, за носењето поволности со проектот регулаторна гилотина и за сите поволности што им се нудат на странските инвеститори во Македонија.
- Забрзаното темпо на спроведување на економските реформи и процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО им дава јасен сигнал на странските инвеститори за постоење политичка и економска стаиблност во земјата, истакна Ставревски.
Низата поволности за инвестирање, стабилната фискална политика, рамниот данок четирите слободни економски зони кои се конкурентни на целиот регион, образованата и квалификуваната работна сила, постигнатите договори со ЦЕФТА, јакнењето на квалитетот на институциите, функционирањето на пазарната економија, се дел од причините зошто Македонија, како што рече Ставрески, е добра дестинација за инвестирање.
На презентацијата тој ги наведе и досегашните добри бизнис-релации со Австрија со надеж дека можноста за регистрирање компании за само четири часа ќе ја искористат што е можно повеќе членки на Австриската федерација за индустрија.
Министерот за финансии Трајко Славевски на австриските инвеститори им ги потврди добрите макоекономски позиции на Македонија како и порастот на странските инвестиции.
- До крајот на 2007 година макроекономските показатели остануват извонредно добри така што годинава ќе заврши со инфлација меѓу два и три проценти и со низок буџетски дефицит помал од еден процент од бруто домашниот производ со што земјата е сигурна за инвестирање, рече Славевски.
Банкарскиот систем и фискалната политика, посочи тој ќе им овозможат на странските инвеститори да се чувствуваат посигурни, бидејќи тие се компатибилни на нивните системи.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ги презентираше можностите за инвестиции во инфраструктурата како транспортните коридори, аеродромите, хотелиерството, недвижнините и телекмуникацискиот сектор.
Јанакиески посебно се задржа на запознавање на австриските бизнисмени со изградбата на Коридорите 8 и 10, како и олеснетата постапка за добивање документација за изградба, а го најави и тендерот за изградба на хотелски комплекс и трговски центар во Охрид.
- До крајот на септември и почетокот на октомври ќе биде распишан тендер за изградба на хотелски комплекс и голем тровски бизнис центар во Охрид, истакна Јанакиески, притоа повикувајќи ги австриските бизнисмени да конкурираат.
Осврнувајќи се на конкретните инвестициски можности во енергетскиот сектор министерката за економија Вера Рафајловска го посочи како грандиозен проект транс-балканскиот нафтовод АМБО меѓу Македонија, Бугарија и Албанија чија инвестициска вредност е околу 1,2 милијарди американски долари.
Рафајловска презентираше и дел од активностите на Владата на Македонија во енергетиката кои се однесуваат на проекти од областа на другите видови обновливи извори - искористување на сончевата енергија, геотермалните води, употребата на био-горивата и испитување на можностите за искористување на енергијата на ветрот.
Презентирајќи ги туристичките потенцијали на Македонија преку дваесетина слајдови, Рафајловска рече дека Македонија се гордее со 992 цркви и манастири од кои само во Охрид има 365, по една за секој ден во годината.
Таа посочи и на можноститите за развој на селскиот и планинскиот туризам, за што рече дека Австрија има огромно искуство, притоа повикувајќи ги австриските бизнисмени со своето искуство да и овозможат на Македонија да стане позната туристичка дестинација во Европа.
Обраќајќи се на потенцијалните австриски инвеститори Рафајловска им рече да ја посетат „лулката на културата - бисерот на природата“ и да ги вложат своите инвестиции во нашата земја.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо зборувајќи за конкретните можности за инвестирање во одделни сектори се фокусираше на четирите слободни економски зони објаснувајќи ги привелегиите за странските инвеститори.
Генералниот секретар на Австриската федерација на индустрија Маркус Бејрер кој ја отвори презентацијата рече дека позитивната бизнис клима треба и натаму да ги охрабри инвеститорите, а гаранција за тоа се скорешниот кандидатски статус за влез во ЕУ, како и усогласената легислатива со австриската.
По завршувањето на презентацијата на проектот „Инвестирајте во Македонија“ македонските министри ќе имаат средби со своите австриски колеги.
Инаку, вицепремиерот Зоран Ставревски во Виена даде интервјуа за дневните весници „Ди Пресе“ и „Стандап“ и за економскиот весник „Вершафтсбак“.


ПОЧНА 28. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ НА ФИЛМСКАТА КАМЕРА „БРАЌА МАНАКИ“

Во големата сала на Центарот за култура во Битола синоќа почна 28-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Брака Манаки“.
На свеченото отворање прво беше доделана наградата за животно дело „Златна камера 300“. Ова високо признание на кинематографот од Русија Анатоли Петрицки му го врачи претседателот на Советот на фестивалот Роберт Насков.
- Благодарам на сите што ме донесоа во Битола. Камерата ми го продолжува животот. Јас знам дека Битола е стар град и се вљувив во Битола како што стар човек е вљубен во старица, рече во своето обраќање пред македонската публика Петрицки, кинематографот на познатиот филм „Војна и мир“ годинешен добитник на наградата за животно дело.
Фестивалот за отворен го прогласи, добитникот на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност хрватот Бранко Лустиг.
- Кога на моите загребчани им реков дека одам за Битола, ми рекоа, ах, да „Битола мој роден крај“. Јас во Битола и во Македонија сум бил многупати. Првиот пат беше за време на земјотресот во Скопје. Тогаш останав шест месеци, снимавме долго. За документарниот филм „Скопје 63“ ја освоив високата награда на фестивалот во Венеција „Златен лав“. Подоцна снимав со Питер Јустинов, а пред извесно време и кадар за филмот „Миротоворец“ рече Бранко Лустиг на вечерашната свеченост и го прогласи за отворен Фестивалот во Битола.
Фестивалот официјално почна со прикажувањето на македонската премиера на филмот „Превртено“ на режисерот Игор Иванов-Изи во кој кинематографер е Томи Салковски.
Потоа во полноќната програма беше прикажан аргентинскиот филм „Другиот“ во режија на Ариел Ротер.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  ТРАНСПАРЕНСИ ИНТЕРНЕШАНАЛ“: МАКЕДОНИЈА НА 84 МЕСТО ВО ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ПЕРЦЕПЦИЈА НА КОРУПЦИЈАТА

Македонија со 3,3 индексни поени е рангирана на 84 место и годинава се наоѓа во првата половина на Извештајот за перцепција на корупцијата (ИПК) на „Транспаренси интернешнал“ за 2007 година објавен денеска на веб страницата на оваа глобална коалиција за борба против корупцијата. Со ова Македонија за дваесет места ја подобри својата позиција во однос на 2006 година.
Данска со 9,4 индексни поени заедно со Финска и Нов Зеланд се перцепираат како најмалку корумпирани држави во светот, а Сомалија со 1,4 индексни поени се наоѓа на последното место заедно со Мијанмар.
Како што информира на денешната прес-конференција Слаѓана Тасева претседател на „Транспарентност – нулта корупција“ контакт членка на „Транспаренси“ за Македонија, Извештајот годинава е најобемен досега, опфаќа 180 држави и територии и се темели на резултатите од 14 различни истражувања за состојбата со перцепцијата на корупцијата во администрацијата и политиката.
Според Извештајот поделбата на перцепртивните нивоа на корупција во богатите и сиромашните земји останува остра како и досега. Значи развиените и земјите во развој и понатаму треба да ја делат одговорноста во сузбиувањето на корупцијата и справувањето со неа, како со оние страни кои поткупуваат така и со страните кои се подложни на корупција.
- И покрај одрдени придобивки корупцијата останува основа за сиромаштијата, за слаб развој во државите кои имаат низок профит на национално ниво, рече Тасева.
За поместувањето на Македонија на ранг листат на ИПК за 20 места од 105-то од претходната година на 84 место годинава, Тасева истакна оти не е резултат на новите 30 држави опфатени со истражувањата, туку во зголемувањето на индексните поени од 2,7 на 3,3.
- Фактот дека успеавме да покажеме одредено поместување на значи дека оние кои се анкетирани луѓе од надвор и од Македонија во своите одговори покажале поголема доверба односно дека проблемот со корупцијата се подобрува. Не би кажала дека сме нешто многу добри, но ова е исклучително голем напредок за нас и ќе значи многу затоа што дека ова е рефернтен индекс и се користи од оние кои сакаат да добијат некаква информација за државата при одлучување за каква било соработка и ова ќе има многу позитивни импликации во однос на градење на економијата, на довербата во државните институции, подвлече Тасева.
Во истражувањето за Макеедонија користени се резултатуите од шест истражувања од светски реномирани истражувачки агенции од кои пет се спроведени во 2007 година, а една е од 2006 година. Во однос на земјите од регионот Хрватска и Бугарија се на 64 место, со 4,1 индексни поени, Србија е на 79 место со 3,4, БиХ е со ист број индексни поени и го делиме 84 место, а Албанија е 106 место со 2,9 индексни поени.