ИНФО                                           
     
  МИНИСТЕРОТ ЕЛЕНОВСКИ НА СОСТАНОК НА ЕАПС ВО БРИСЕЛ

Министерот за одбрана Лазар Еленовски во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе учествува на Годишната средба на министрите за одбрана на Европатлантскиот партнерски совет (ЕАПС).
На маргините на состанокот Еленовски ќе има средби со полскиот министер за одбрана Александар Шчигло и со министерот за одбрана на Холандија Ејмерт ван Ниделкоп.
Министерот Еленовски утре ќе се сретне и со францускиот амбасадор во НАТО Ришар Дуке и со британскиот секретар за одбрана Дес Браун.
Македонскиот министер за одбрана ќе учествува и на состанокот на Северноатлантскиот совет на земји контрибутори во мисијата ИАСФ во Авганистан кои не се членки на НАТО.

МАКЕДОНЦИТЕ И БУГАРИТЕ КУПУВААТ НАЈЕВТИНА ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ ВО ЕВРОПА

Македонците и Бугарите купуваат најевтини безалкохолни пијалоци и храна, а Хрватите најскапи во регионот, покажуваат податоците од бугарскиот Национален статистички институт, објавени денеска во хрватските медиуми.
Цените на прехранбените продукти и безалкохолните пијалоци во Македонија и Бугарија биле за два ипол пати поевтини од просекот на Европската унија во 2006 година. Во овие две земји индексот на цените на храната во изминатата година изнесувал 56 поени од просекот на европските земји со 100 поени. Најскапа земја во ЕУ е Данска со 142 индексни поени.
Земјите кандидати за членство Хрватска (89) и Турција (84) имаат индекс приближен на просечниот за ЕУ. Цените во Хрватска се за 11 отсто пониски од цените во ЕУ, но истовремено и речиси 20 проценти поголеми од просечните цени во регионот. Словенечкиот индекс изнесува 86, црногорскиот 74, српскиот 67 и во Босна и Херцеговина 71.
Индексите на нивото на цените се изведени како сооднос меѓу паритетот на куповната моќ во однос на просекот за ЕУ и девизните курсеви за секоја земја.


ПЛАНОТ НА ЕУ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИЈАТА НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИД ПРЕД НЕУСПЕХ, ПРЕДУПРЕДУВА ЕКОЛОШКА ОРГАНИЗАЦИЈА

Програмата на ЕУ за намалување на емисијата на јаглерод диоксид позната под името Европски индустриски план, е на добар пат да доживее неуспех, соопшти Глобалната еколошка организација за конзервација WWF.
Како што јави Би-Би-Си, Европскиот индустриски план беше изработен во 2005 година со цел да придонесе за намалување на емисијата на јаглерод диооксид во атмосферата како дел од напорите за борба против климатските промени, но тој постигна само ограничени успеси во најголема мерка поради неговите непрецизности.
WWF оцени дека спроведувањето на првата фаза од Европскиот индустриски план „било сериозно поткопано од лошите политчки одлуки“ и изрази стравување дека и следната фаза нема да резултура со значителни намалување на емисијата ја штетини гасови.
- Неуспехот на намалување на нивото на јаглерод диоксид ќе предизвика непоправливи штети во климатските промени, оцени WWF.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  МИЛЧО МАНЧЕВСКИ - ПОЧЕСЕН АМБАСАДОР НА КУЛТУРАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Милчо Манчевски, режисерот кој во 1994 година го донесе „Златниот лав“ од најпознатиот филмски фестивал и кој со својот прв филм „Пред дождот“ ја стави државата на културната мапа на светот денеска од Владата ја доби титулата Почесен амбасадор на културата на Република Македонија за придонес во афирмацијата на македонската култура во светот.
Титулата, која Владата ја доделува првпат, на Манчевски му ја врачи премиерот Никола Груевски. Тој ќе биде почесен амбасадор во Њујорк каде што живее и работи. За дополнително вреднување и промовирање на културата на Република Македонија, Владата предложи дополнување на Законот за култура, со што е воведена можноста за доделување на почесната титула амбасадор на културата.
Целта на иницијативата е да ги вреднува и претстави врвните уметнички достигнувања на културни работници во земјава. Титулата ќе ја добиваат најистакнатите македонски уметници во различни видови творештво, кои се признати и афирмирани во земјава и во светот. Амбасадорите на културата ќе немаат дипломатски статус и нивниот ангажаман ќе биде доброволен и без паричен надомест. Тие ќе имаат благородна и патриотска мисија за промоција на македонската култура пред светската јавност. До септемвтри ќе има серија нови именувања амбасадори на културата во други држави.
Милчо Манчевски во изјава за медиумите рече дека доделувањето на титулата е официјализирање на неговата дописна работа од Њујорк, која трае од седумдесеттите години. - Планирам филмски проекти за кои сум стручен, рече Манчевски, информирајќи дека го привршува третиот филм „Сенки“, кој очекува да биде готов за два и пол месеца, а по него да почне со подготовка на среднометражен телевизиски филм.
- Тој би бил од поинаква природа во кој би се обработувал периодот во Макеоднија од неолитот до христијанството и кој би послужил за брендирање на името и државата Македонија, а кој би го работел во следните две години, по завршувањето на „Сенки“, истакна Манчевски.
Со неговиот прв филм „Пред дождот“ во многу земји првпат се слушна името Македонија. Филмот беше номиниран за оскар и освои над 30 престижни светски награди. Беше филм на годината во Италија, Шведска, Аргентина, Турција... По големиот меѓународен успех следуваше и „Прашина“ (2001), единствениот македонски филм со кој е отворен светскиот филмски фестивал во Венеција и кој отвори многу прашања за кои се уште се дебатира. Двата филма се предмет на изучување и обработка на многу факултети и академии, не само на катедрите за филм, туку и за естетика и филозофија. За нив се објавени неколку илјади текстови, есеи, поглавја во книги, енциклопедиски единици.
Снимањето на најновиот филм „Сенки“ почна во јуни минатата година. Филмот е копродукциски проект и е со највисок ранг во Европа во моментов, а партнери на Македонија се големите кинематографии Италија, Шпанија и Германија. Филмот е поддржан од европскиот копродукциски фонд „Еуроимаж“.