ИНФО                                           
     
  НЕЛЕНА РИСТЕСКА ЗАШТИТНО ЛИЦЕ НА НОВАТА ОПЕЛ КОРСА

"Авто Куќа" продолжува со промотивни активности во кои се вклучени личности, кои оставаат силен печат во јавниот живот во државата. Така, од 6 ноември беше претставена новата кампања за промоција на новата Опел Корса во соработка со М2 продукција и Елена Ристеска, која стана заштитно лице. Според договорот, младата пејачка следната година ќе биде сопственик на нова Опел Корса 1.2 Спорт. Во изминатиот период Опел интензивно работи на промена и на подобрување на својот имиџ, во согласност со современите животни трендови. Динамичноста, младешкиот дух и креативноста се основните карактеристики кои во себе ги носат новите автомобили од овој бренд.

СПРОТИВСТАВЕНИ ПОЛИТИЧКИ СТАВОВИ

Четирите предмети за кои Хашкиот трибунал не покрена обвинение ги заладува односите меѓу коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДПА, бидејќи имаат спротивставени ставови. Според ВМРО-ДПМНЕ, сторителите на кривичните дела против цивилно население во војната во 2001 година треба да одговараат пред македонските правосудни органи. Висок функционер на ДПА, пак, смета дека за четирите хашки случаи треба да важи Законот за амнестија.
Портпаролката на ДУИ, Ермира Мехмети, вели дека случаите не треба да се процесуираат, бидејќи во земјава нема реформирано судство, обучени судии, опремено судници, ниту закон за соработка со Хашкиот трибунал.
ОБСЕ е на располагање да го набљудува процесуирањето на предметите од страна на македонските правосудни органи.

ЗАСИЛЕН ПОЛИЦИСКИ ПРИТИСОК ВРЗ ОМО "ИЛИНДЕН" ПИРИН

По налог на софиското Обвинителство, полицијата ќе ги проверува сите кои се потпишаа за регистрација на партијата на Македонците. Бугарските власти потврдија дека се врши детаљна полициска проверка на членството на партијата на Македонците, ОМО "Илинден" ПИРИН.
Според началникот на Секторот за внатрешни работи во реонот на Благоевград, комесарот Кирил Георгиев, по налог издаден од софиското Обвинителство треба да бидат испрашани сите 6.000 членови кои се на списокот на ОМО "Илинден" ПИРИН.
Од партијата, која го претставува македонското малцинство во Бугарија, соопштија дека Бугарија со сите средства се обидува да ја уништи ОМО "Илинден" ПИРИН и да ја оневозможи нејзината регистрација. ОМО "Илинден" Пирин остро протестира до властите во Софија поради засилениот полициски притисок врз партиското членство.

ПОМОШ ЗА ДЕЦАТА БЕЗ РОДИТЕЛИ

Фондацијата "Мобимак за Македонија" отвори нов број за донации, наменет за потребите на Здружението на децата без родители од детските домови на Република Македонија - "Иднина". За потребите на Здружението е отворен бројот 070 143 123 на кој со едно јавување се донираат 100 денари. Потоа парите ќе бидат префрлени на жиро-сметката на Здружението и ќе бидат искористени за ќебиња, постелнини, перници и сите потребни основни средства за живот.

КОШАРКАРСКИ ТУРНИР НА СПЕЦИЈАЛНАТА ОЛИМПИЈАДА

Во спортската сала "Јасмин" во Кавадарци пред голем број посетители се одржа третиот по ред Национален кошаркарски турнир на Специјалната олимпијада на Македонија. Овој Турнир беше во рамките на одржувањето на големата пан-европска манифестација - 2006 СО Европската кошаркарска недела. Со овој Турнир се одбележа и Светскиот ден на хендикепот.

ЧЕТИРИГОДИШНА БОРБА ЗА ПРАВАТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП

По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, под мотото "Заедно градиме општество за сите" во хотелот "Континентал" преку промоција на третата публикација "Системско законодавство за лицата со хендикеп - Македонска приказна", беа презентирани резултатите од четиригодишната работа на првиот состав на Интерпартиската парламентарна лоби група за правата на лицата со хендикеп. Во текот на четирите години "Полио плус" интензивно работеше на полето на хендикеп, во насока на подобрување на законската рамка и статусот на лицата со хендикеп.
 
     
     
     
     
     
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

  ПРИВЕДЕНИ 21 ЛИЦЕ ЗА СЛУЧАИТЕ БАЧИЛО И ДЕНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА И ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Поранешниот директор на Фондот за здравство и актуелен директор на Т-Мобиле Македонија, Рубинчо Зарески, синоќа е притворен и предаден на судските органи поради сомнение за „злоупотреба на службена положба и овластување“, потврди денеска МВР.
Покрај Заревски приведен е и Ефрем Насков, поранешен претседател на Комисијата за јавни набавки поради за помагање во вршење на кривичното дело.
Заревски и Насков се осомничени дека во 2003 склучиле договор за набавка на медицински материјали со неповолен понудувач „Делфино Медика“ и при што ги оштетиле Фондот за здравство за 1,6 милиони денари.
МВР информира дека рано изутрината се приведени уште 19 лица осомничени за кривични дела: перење пари, злоупотреба на службена положба и овластување и за измама во врска со случаите Бачило и денационализација. Приведени се две категории лица. Во првата се поранешни судии, директори, нотари, адвокати и поранешни членови на второстепени владини комисиии, а во втората група пензионери, работници и невработени лица.
Меѓу привдените е и овчарот Иснифарис Џемаили. Меѓу осомничените е и поранешниот заменик министер за економија Саша Андоновски, за кого полицијата има сознанија дека е во странство и трага по него.