|
|
ИНФО
|
|
|
|
|
|
ОДГОВОРЕН ПРАШАЛНИКОТ
Владата ги усогласи сите одговори на 1.922 прашања и двојно повеќе
потпрашања од Европрашалникот добиен по доставената кандидатура за
членство во Европската унија. Како што соопшти потпретседателката на
Владата, Радмила Шекеринска, на 31 јануари ќе биде усвоен и преводот на
Прашалникот, чиишто 14.000 страници на 14 февруари ќе му бидат предадени
на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. |
|
|
|
|
|
ЕДНА ГОДИНА
ПОРОДИЛНО БОЛЕДУВАЊЕ!?
Сојузот на жени при ССМ е против предлогот на Сојузот на стопански комори
породилното отсуство да се намали од 9 на 3 месеци. Жените од Синдикатот &
препорачуваат на Владата да не го намалува, туку породилното отсуство да го
зголеми на една година.
"Состојбата е алармантна. Наталитетот е намален за 3 отсто. Подоцна се
стапува во брак, младите с# повеќе ја одложуваат приновата. Во некои градови
морталитетот е поголем од наталитетот", вели Лилјана Јанкуловска од
Секцијата на жени при ССМ. |
|
|
|
|
|
ОТПУШТАЊЕ НА 900
"ЖЕЛЕЗНИЧАРИ"
Главни приоритети за годинава, кои им ги наложил премиерот Владо Бучковски
на министерот за транспорт и врски и на неговите соработници, се: реформа и
трансформација на "Македонски железници" и "Македонска пошта", донесување на
новиот Закон за електронски комуникации, давање под концесија на двата
аеродрома во државава, завршување на продажбата на ГТЦ, распишување тендер
за продажба на Светскиот бизнис-центар, изградба на трговски центар спроти
Народна банка, по претходна продажба на земјиштето на стратегиски
инвеститор. Меѓутоа, првиот човек на Владата, кој позитивно ја оцени
работата на министерот Мехази, му предочил дека во процесот на
трансформација на "Македонски железници" нема да има политички калкулации и
дека нема да се отстапи од најавеното отпуштање на околу 900 вработени. |
|
|
|
|
|
КОНКУРС ЗА "13 НОЕМВРИ -
2005"
Детскиот ликовен центар - Градското здружение на ликовните педагози - Скопје
ја организира традиционалната меѓународна изложба на Детската ликовна
уметност "13 Ноември" по повод ослободувањето на Скопје. Право на учество
имаат децата од градинките, забавиштата, основните, средните стручни
училишта и гимназиите. Децата од 4 до 18 - годишна возраст можат да
учествуваат со ликовни творби на теми од секојдневниот живот. Ликовните
творби на децата треба да ги содржат следниве податоци: име и презиме на
авторот, година на раѓање, име на менторот, училиште, место на живеење и
држава. Адресата за доставување на творбите е: Детски ликовен центар -
Градско здружение на ликовните педагози, ул. "Никола Русински" бр. 1,
поштенски фах: 675 Скопје, Република Македонија со назнака "За изложбата 13
ноември 2005". Можност за учество имаат и децата на нашите иселеници. |
|
|
|
|
|
МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ВО
СТРАНСТВО
Угледното словенечко списание за литература и култура "Содобност"
(Современост) од Љубљана, кое излегува веќе 68 години, во најновиот број &
посветува посебни страници на современата македонска поезија. Станува збор
за поетска книга, која има 700 стихови и во неа се застапени Радован
Цветковски, Светлана Христова Јоциќ, Науме Радичевски, Васил Тоциновски,
Петре Бакевски, Методи Манев и Христо Петрески. Кон поезијата на застапените
автори се дадени и библиографски белешки, а изборот е на Ранко Младеноски. |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ВЕСТИ
|
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ
ЦРВЕНКОВСКИ И ПРЕМИЕРОТ БУЧКОВСКИ СЕ СРЕТНАА СО ДИРЕКТОРОТ НА МАТАВ ЕЛЕК
ШТРАУБ
Македонскиот премиер Владо Бучковски вчера оствари средба со главниот
извршен директор на МАТАВ Елек Штрауб при што разговараа за развојните
планови на "Македонските телекомуникации" и партнерскиот однос на "Матав" со
Владата на Република Македонија.
На средбата договорено е зголемување на дивидентата за Владата, така што таа
оваа година ќе изнесува 42,4 милиони евра, наместо минатогодишните 18
милиони евра од профитот на компанијата.
По иницијатива на премиерот Бучковски прифатено е "Македонските
телекомуникации" да вработат 250 лица со високо образование во престојните
три години, така што за годинава предвидене е вработување на сто лица, а
истата бројка и во 2006 година, а за 2007 година 50 нови вработувања.
Бучковски и Штрауб, исто така, се договорија доколку има потреба од нови
отпушања од Македонски телекомуникации тоа да се одвива по пат на доброволна
основа со договорен пакет на опремнини и преку преговори со Синдикатот во
Македонските телекомуникации.
Премиерот Бучковски истакна дека средствата во висина од 42,4 милиони евра
Владата ќе ги искористи строго наменски за спроведување за развојни и
инфраструктурни проекти, како и поддршка на реформите за подготовките на
Република Македонија за членство во Европската Унија и во НАТО.
На средбата е разгледана и информацијата за ребрендирање на МОБИМАК во
Т-Мобил Македонија, но и за ребрендирање на Телеком во Т-Ком Македонија.
Главниот извршен директор на "Матав" на средбата со премиерот Бучковски го
поддржа донесувањето на новиот закон за електронски комуникации и вети
поддршка од Македонските телекомуниакции во имплементација на проектот "е -
Влада на Република Македонија".
Штрауб вчера беше примен и од претседателот на Република Македонија Бранко
Црвенковски. На средбата претседателот Црвенковски беше запознат за
досегашното функционирање на компанијата и предвидените развојни планови.
|
|
|
|
|
|