ИНФО                                           
     
  ИНИЦИЈАТИВА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ШВЕДСКА

Во знак на благодарност за признавањето на уставното име на Република Македонија, претседателството на Македонскиот сојуз во Шведска предложи една улица, булевар или плоштад во Скопје или, пак, во други поголеми градови во државава да го носи името на американскиот претседател Џорџ Буш. За оваа иницијатива е известена и Амбасадата на Република Македонија во Стокхолм, со молба таа официјално да го проследи предлогот до македонското Министерство за надворешни работи. Со усвојувањето на предлогот би била изразена благодарност кон Џорџ Буш за одлуката чијашто политичка димензија е од огромно значење за натамошниот развој на македонската држава и за зацврстувањето на нејзината меѓународна позиција.
 
     
 

МЕДИУМИТЕ И ХЕНДИКЕПОТ

Во организација на невладиното здружение "Полио плус", во хотелот "Континентал" се одржа регионална работилница на тема "Медиумите и хендикепот - предизвик за Балканот". Целта е како да се допре до мислите, идеите и духот на сите креатори и творци со хендикеп. Работилницата на која учествуваа претставници на домашните медиуми, гости од Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и од Албанија, беше организирана во рамките на регионалниот проект "Шер - СЕЕ".

 
     
 

ПРОБЛЕМОТ СО ЦИТОСТАТИЦИ ПРОДОЛЖУВА

Децата болни од рак повторно ќе останат без неопходните лекови. Резерва цитостатици нема, а се уште не е завршен тендерот за нивно купување. Сe уште не се знае колкави се резервите од обезбедените лекови, а за да не се крева паника лекарите не им кажуваат ниту на родителите кои и досега многу често сами ги купувале. Според кажувањата на надлежните во управата на Клиничкиот центар, со последниот неуспешен тендер од околу 15 цитостатици одлучено е да се купат само три. Заплеткан во бирократските процедури, поради кои стотици деца со години остануваа без лекарства, јавниот повик повторно пропадна, бидјеќи на него се јавил само еден понудувач.

 
     
  ФАКТУРИТЕ ПОВТОРНО КАЈ "МОБИМАК" И "КОСМОФОН"

Управата за телекомуникации на "Мобимак" и "Космофон" им ги врати фактурите за ургентна наплата на годишен надоместок за 2004 година, за користење на радиофреквенциите. Рокот за наплата на фактурите во вкупна вредност од околу 4,5 милиони евра истече на 9 овој месец, но се шпекулира дека "Мобимак" и "Космофон" нема да ги уплатат парите, затоа што државата им пресметала надоместок и за период кога не постела законска обврска за наплата на надоместокот за користење на радиофреквенции.
 
     
  МАКЕДОНСКО - ХРВАТСКА СОРАБОТКА

Договор за соработка меѓу националните библиотеки на Македонија и на Хрватска потпишаа директорот на НУБ "Св.Климент Охридски", Борко Зафировски, и директорот на Националната и сеучилишна книжарница во Загреб, Јосип Стипанов. Со договорот ќе се интензивира соработката меѓу библиотеките во повеќе сегменти и ќе се обезбеди поактивна размена на публикации и друг вид библиотечен материјал.
Зафировски и Стипанов разговараа и за примена на новите технологии во библиотекарството, за библиотечното поврзување, за едукација и заштита на книгите со цел да се унапреди оваа дејност.
 
     
     
 

 

 
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     
     

 ВЕСТИ

 

ПОТПИШАНА ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СТРАТЕГИСКИТЕ ЦЕЛИ НА МАКЕДОНИЈА

Претседателот Бранко Црвенковски и претставниците на партиите потписнички на Рамковниот договор и на ДУИ, на помалите партии на етничките заедници вчера во вилата "Билјана" во Охрид потпишаа Декларација за стратегиските цели на Република Македонија.
Со Декларацијата се изразува политичката волја и цврстата решеност на Република Македонија за целосно интегрирање во Европската унија и НАТО.
Претседателот Црвенковски во изјавата по потпишувањето на Декларацијата, истакна дека таа е прифатена од сите присутни на средбата во Охрид со што едногласно застанаа зад суверенитетот, територијалниот интегритетот, унитарноста и мултиетничкиот карактер на Република Македонија.
"Заедничка е констатацијата дека на успешен начин се влегува во финалната фаза од имплеметацијата на Рамковниот договор и се заокружува постконфликтниот период во Реепублика Македонија. Се преминува од проектот рамковна Македонија кон европска Македонија за што е неопходно сите заедно да се посветиме на стратешките проекти за интеграција на државата во ЕУ и НАТО. На тој пат не очекуваат крупни реформи кои полесно ќе ги совладаме ако постои меѓусебно усогласување", рече претседателот Црвенковски.
За таа цел, освен потпишувањето на Декларацијата, договорено е формирање Совет на државно ниво кој ќе ги следи и координира процесите на интегрирање во ЕУ и НАТО. "Овој Совет во денешниот состав и надополнет со претседателите на релевантните парламентарни партии ќе се среќава редовно со цел навремено постигнување на усогласеност и широк консензус за прашањата од врвен интерес. Една од пораките од последните случувања низ кои помина земјава заклучно со референдумот е дека постои суштинска потреба за дијалог и усогласување на сите релевантни партии околу стратегиските прашања и прашањата од висок државен интерес", истакна Црвенковски.
Заклучено е, додаде македонскиот претседател, дека значен фактор за натамошната стабилност на Македонија, како и за целосно спроведување на Рамковниот договор во делот на децентрализацијата е организирање мирни, фер и демократски локални избори.
Во тој контекст е договорено да се организира состанок на експертско ниво меѓу најголемите партии - две од позицијата и две од опозицијата на кој ќе се разгледаат сите чекори во насока на подготовка и организирање на мирни, фер и демократски избори.
Договорено е да биде разгледан Извештајот на Владата на Република Македонија за спроведувањето на Акциониот план и да се дискутира за динамиката за спроведување на преостанатите обврски од Рамковниот договор.
Декларацијата за стратегиските цели на Република Македонија ќе биде доставена до до Брисел во седиштето на Европската унија и НАТО-Алијансата, во Вашингтон и во сите европски престолнини.
Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Декларацијата, претседателот Црвенковски, рече дека учесниците на денешната средба заклучиле дека Рамковнот договор не се спроведува според динамиката која што е зацртана.
"Забелешките беа прифатени од сите присутни од едноставна причина што тоа е точно. Само да потсетам дека според првобитната динамика во еден сектор, а тоа е одржувањето на локалните избори тие веќе требаше одамна да бидат организирани и веќе требаше да имаме спроведена децентрализација на власта. Значи, има отстапувања и сега едноставно се инсистира да се согледа со која динамика преостанатите чекори од Рамковниот договор во наредниот период ќе се спроведат", рече шефот на државата.
За неприсуството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на денешниот собир во Охрид, претседателот Црвенковски рече: - "Господинот Груевски вчера пред македонската јавност самиот даде свое образложение и неговите аргументи јас не би коментирал. Единствено би го искажал моето жалење што на некој начин е контрадикторен токму со своите повици во изминатиот период дека е неопходно консензуално усогласување меѓу позицијата и опозицијата и уште повеќе што во многу наврати инсистираше токму тој на единство, на заедништво во оваа дадена ситуација во Република Македонија. Мислам дека со неговото неприсуство на денешнава средба не изгуби на квалитет ниту средбата, ниту заклучоците, ниту документот, дека ако некој изгуби тоа е г. Груевски".
Во врска со обвинувањата на Груевски дека се уште се однесува како лидер на СДСМ, а на како претседател на сите граѓани, и за идниот однос со опозицијата, Црвенковски рече дека легитимитетот на претседателот на државата, како и на секоја друга институција, произлегува од изборната волја на граѓаните искажана на избори, а не од личните ставови на кој било поединец, вклучително и ако е претседател на некоја политичка партија.
"Ако говориме за неопходноста од комуникација, мислам дека периодот што следи ќе покаже дека таа неопходност е многу поголема кај ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на таа партија, отколку кај институцијата Претседател на Република Македонија", истакна македонскиот претседател Бранко Црвенковски.
На средбата во Охрид покрај претседателот Црвенковски, присуствуваа премиерот Хари Костов, Радмила Шекеринска и Никола Ќуркчиев од СДСМ, Али Ахмети и Муса Џафери од ДУИ, Арбен Џафери и Мендух Тачи од ДПА Абдулменаф Беџети од ПДП, Неждет Мустафа како претставник на помалите партии на етничките зедници, американскиот амбасадор во Македонија Лоренс Батлер и специјалниот претставник на ЕУ Микаел Салин. Лидерот на на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој исто така беше поканет, не учествуваше на средбата
Македонската информативна агенција - МИА во продолжение ја пренесува Декларацијата за поддршка на стратегиските интереси на Република Македонија усвоена денеска во Охрид:
Д Е К Л А Р А Ц И Ј А
за поддршка на стратегиските интереси
на Република Македонија
Истакнувајќи ја неповредливоста на суверенитетот, територијалниот интегритет и унитарниот карактер на државата, се обврзуваме дека грижата за нив се наш заеднички највисок приоритет и определба;
Реафирмирајќи ги решенијата од Рамковниот Договор како неопходен модел за градење и развивање на стабилни меѓуетнички односи, соживот и толеранција, ги истакнуваме како темелен услов за мирот, стабилноста и демократскиот развој на Република Македонија;