ОДБОЈКАРИТЕ ГИ ДОБИЈА ПРОТИВНИЦИТЕ

Одбојкарите на репрезентацијата на Македонија, ги добија противниците во групната фаза од Лигата на Европа. Во група со нашите “спартанци” ќе бидат и селекциите на Косово, Летонија и Австрија.

“Црвено-жолтите” за прв пат ќе се сретнат со Косово и Летонија, бидејќи против нив досега немаат одиграно нитуеден меч, а со Австрија веќе имаат играно и победено во Лигата на Европа.

Дополнително ќе бидат одредени сатниците и датумите на кои ќе се играат натпреварите од групната фаза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *