ВАЛЕНСИЈА И БЕТИС “ТРГНУВААТ” ПО СТАРИЏ

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е на мета на раководството на шпанските клубови Валенсија и Бетис, кои покажуваат нескриени аспирации во своите редови да го видат црномурестиот англиски репрезентативец.

Стариџ го загуби првотимскиот статус, и е во потрага по нов клуб каде што би можел да игра постојано и да ја врати формата од пред неколку месеци. Целта е да влезе во форма пред Светското првенство во Русија и со тоа да го зацврсти статусот на репрезентативец.

Инаку, Стариџ оваа сезона во Премиерлигата има одиграно девет натпревари на кој два пати се впиша во листата на стрелците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *