АВСТРАЛИЈА ОПЕН “ПОБОГАТ” ЗА СЕРЕНА ВИЛИЈАМС

Новата тениска сезона, која почнува традиционално во јануари со Австралија Опен, ќе биде побогата за Серана Вилијамс, која по породилното отсуство се враќа на тениските терени.

Директорот на првиот “Грен-слем турнир”, Крег Тајли, потврди дека Серена добила вајлд-карта и дека ќе се појави меѓу натпреваруваќите.

-Серена побара и доби виза за настап. Веќе е пријавена. Извесно време тренира со полна пареа и не се сомневам дека ќе биде одлично подготвена. Освен тоа, таа досега има освоено 24 грен-слем титули, што е рекорд кај натпреварувачките и сака да го подобри. Тоа е уште еден предизвик за неа – изјави Тајли.

Серена во септември оваа година стана мајка, а веќе му се врати на тенисот и на тренинзите. Инаку, нејзината пауза од натпреварите поради бременоста почна во април.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *