РОЗЕНБОРГ ВО СКОПЈЕ БЕЗ ЈЕНСЕН

Капитенот на Розенборг, Мике Јенсен, воопшто нема да допатува во Скопје на последниот натпревар од групната фаза од ЛЕ на дуелот со Вардар.

Имено, Јенсен очекува секој ден по втор пат да стане татко, па доби дозвола од тренерот да остане дома крај својата сопруга.

Покрај Јенсен, во Скопје нема да настапат и исландскиот интернационалец Вилхјамсон, како и Де Ланлај кој и онака немаше сигурно место во тимот.

Розенборг очигледно веќе не води сметка за тоа како ќе заврши оваа средба со оглед на тоа дека секако останува на третото место. За Вардар ова е натпревар на кој може да ја спаси честа и да освои макар еден бод во своето прво учество во групата на ЛЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *