НА СП ВО ФУДБАЛ БИЛЕТИ ЗА СЕКОГО

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави цените на билетите за претстојното првенство кое следната година ќе се одржи во Русија. Според објавеното, влезници ќе има за сите класи граѓани, што значи дека секој ќе може според длабината на својот џеб да си дозволи присуство на натпревар.

Цената на влезниците за отворањето на шампионатот, што ќе се одржи на стадионот “Лужники” во Москва ќе се движат од 2300 евра, што опфаќа следење на церемонија на отворањето и првиот натпревар, а најефтиниот билет ќе чини 223 евра.

Во групната фаза билетите ќе бидат поевтини и ќе се движат од 880 евра најскапиот до 89 евра за најевтниот билет. За полуфиналето влезниците за најдобрите места ќе бидат во висина од 3100 евра а за најлошите само 312 евра.

Затоа пак на финалниот дуел веројатно нема да можат да присуствуваат сите туку само оние со подлабок џеб, бидејќи висината на билетите ќе биде од 4600 евра до 500 евра за најевтиниот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *