ЛУКАС ЈА ОДБИ ШКЕНДИЈА

Фудбалерот на Палистер, Лукас Фереира Кардозо, го раскина договорот со битолчани и замина во Албанија каде што потпиша со екипата на Партизани од Тирана.

За услугите на бразилецот кој во ова првенство беше најдобриот фудбалер на Пелистер и кој постигна 6 гола, беа заинтересирани неколку македонски прволигаши, меѓу кои и лидерот на табелата Шкендија, но Лукас ја одби понудата и си замина од Македонија.

Најнастојчиви за негово ангажирање беа претставниците на Партизани, кои не размислуваа многу и успеаја да го донесат офанзивниот бразилец во своите редови.

-Успешно ги реализиравме преговорите со Лукас Кардозо. Се работи за одличен офанзивен фудбалер кој освен како класичен напаѓач може да игра и по крилните позиции – се вели во соопштението на Партизани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *