Регионален форум „Рудници: Да или не“ во Струмица

На Македонија и недостига долгорочна Стратегија за развој на рударството, која ќе донесе до затворање на некои денес актуелни прашања, смета претседателот на Асоцијацијата на рударство про Стопанската комора, Николајчо Николов.

Пред почетокот на регионалниот форум „Рудници: Да или не?“, Николов посочи дека тоа е многу генерално прашање кое е тешко да се одговори.

– Јас доаѓам од рудникот Бучим. Тоа не е рудник на смртта, туку рудник на животот. Од него се живеат 700 работници и нивните семејства. За да се определи државата дали е за нови или рудници воопшто треба дебата на многу стручно ниво и тогаш да се оцени дали и каде во Македонија треба да со отворат нови рудници. Секако не може да бидеме генерално против рудници, туку треба да се размисли дали на некои места е целисходно да се отвора рудник, особено ако станува збор за земјоделски краеви кои остваруваат значителни приходи од оваа дејност, рече Николов.

Смета дека државата мора да има долгорочни стратегии и за другите области.

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, смета дека Владата може слободно да го затвори рудникот „Казандол“ кај Валандово поради непочитување на обврски од договорот.

– Нашата правна комисија и комисијата за животна средина направија детална анализа на договорот кој го прибавивме од активисти на иницијативата „Спас за Валандово“ прибавена преку Законот за слободен пристап на информации и таму јасно се гледа дека рудникот „казандол“ треба да се затвори под итно. Зошто? По многу основи, зошто концесионерот не исполнил редица услови од таа концесија, но пред се по една, концесионерот е далеку од завршување на градежната фаза. Досега требаше да биде завршена и рудникот да работи. Значи Владата може спокојно да го раскине договорот со концесионерот на „Казандол“ и не само што нема да плати пенали, туку тој треба да плати пенали на државата поради штетите, рече Поповска.

Градоначалниците од Валандово, Перо Костадинов, рече дека останува на ставот против работата на рудникот „Казандол“.

– По мојата прес конференција на која објавив дека имаме сериозни индиции за нетранспарентно склучување на договорот со концесионерот за рудникот „Казандол“, имаме информации дека институциите работат по допрен глас. Јас и пред да станам градоначалник и сега, развојот на тој крај го гледам преку земјоделството, рече Костадинов.

Од иницијативата „Спас за Валандово“, најави одржување протестен марш.

– В петок на 8 декември ние ќе тргнеме од центарот на Валандово кон рудникот „Казандол“ за да го искажеме уште еднаш нашиот став. Потоа ќе ги испратиме нашите барања до Владата и ресорните министерства за итно запирање на работите на рудникот „Казандол“, рече активистот Роберт Марков.

Денешниот регионален форум беше во организација на Цивика Мобитас.

 

One thought on “Регионален форум „Рудници: Да или не“ во Струмица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *