ЛИЧНОСТИ ОД ЉУБОЈНО ПОСВЕТЕНИ НА ПИШАНИОТ ЗБОР – ДЕЛ II

Текстовите во продолженија се дел од монографијата која е насловена „Илинден во Љубојно и Преспа“. Делото е посвеѕено  на Илинден и на илинденските иселенички средби во Љубојно, како и на други теми и дилеми поврзани со Љубојно и етничка ПреспаВо овој дел се поместени публицистите:Стојан  Лембо (Лембовски), Славе Николовски – КатинЈосиф Грежловски – ГандетоКонстантин Дораковски, Бошко Рајчовски-ПелистерскиЦвета Карапашовска – Толевска и други

Стојан  Лембо (Лембовски) е  роден во Љубојно во 1935 година. Основно и осумгодишно училиште завршил во родниот крај, потоа Учителска школа во Битола, а Педагошка академија завршил во Скопје. Тој беше еден од поборниците за напредокот на Љубојно и активен во сите организации. Долги години бече наставник, а еден мандат директор на училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојновтор.

Тој е автор на  монографијата „Љубојно – љубов моја“ (1996). Тоа е книга напишана со многу љубов кон родното село, кон своите љубанци, кон сè она што него го поврзуваше со Љубојно. Таа е монографија за минатото и сегашноста на Љубојно која претставува значаен прилог за македонската научна мисла и значајно литературно остварување.

Монографијата „Љубојно – љубов моја“ на Стојан Лембовски (Лембо) служи како основа за сознание на релевантни податоци за фактите, сведоштвата и историскиот равој на љубанци и Љубојно. Ова дело посебен придонес има кај авторот на овие редови, Славе Катин во подготовката на моногафијата „Илинден во Љубојно и Преспа“.

Славе Николовски – Катин е познат на македонската и на меѓународната јавност по не- говите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата.Тој е автор на 60 публикации кои можат да се видат и прочитаат на неговата веб-страница www.slavekatin.com.

Во неговиот богат творечки опус почнувајќи од првото авторско дело „Англиско-македонски лимнолошки лексикон (1986), па до денес, посебно внимание заслужуваат следните негови дела: Македонците во САД и Канада“ (2002)  (на македонски и на англиски јазик), „Македонски холокауст“, (1990),   „Македонските православни црквни општини во Австралија, Канада и САД“ (1991), „Во Австралија како дома“ (1992), „Македонскиот иселенички печат” (1993), „Печалбарски копнеж“ (1993), „Македонски иселенички паноптикум“ (1996), „Иселенички хоризонти“ (1999), „Атанас Близнаков“ (2000), „Моите патувања низ светот“ (2001),„Илинден 1903-2003 и македонските иселеници“ (2003), „Иселеничка вртелешка“ (2008), и „Светот на дланка“ (2014) (на македонски јазик), како и на  публикациите „По патеките на Евлија Челебија“ (2007) (на турски јазик)и Љубовни приказни“ (2011) (на англиски јазик).

1lub124 1lub125

Особено внимание заслужуваат неговите монографиите: Андреа Бранов“ од Мелбурн, Австралија (2001,  „Семејството Јановски“ од Торонто, Канада (2002), „Светле (Стив) Стамевски“ од Детроит, САД (2005),„Митрополитот Кирил“ од Македонија (2007), „Ѓорѓи (Џорџ) Томов“ од Њујорк (2007), „Бошко Рајчовски–Пелистерски“ од Флорида (2008), „Петар Стаматов“ од Чикаго (2010), „Ѓорѓија–Џорџ  Атанасоски“ од Флорида, (2012),  „Атанас Близнаков“од Гери, САД (2015)  (на македонски и англиски јазиk), и „Есма Реџепова-Теодосиевска“ од Скопје (2015),  (на македонски, англиски и ромски јазиk), како и делото „Гога Печенковски“ од Ресен (2004) (на македонски јазик).

Славе Катин е коавтор и на делата: Придонесот на Македонија во светската цивилизација“ (2004), „Од Панонија до Егеј“ (2007), (на македонски) со академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо, „Македонија во античко време“ (2010) и „Балканот и Македонија“ (2014) (на англиски) со академик д-р Антоније Шкокљев-Дончо и Ристо Стефов, потоа „Во чест на Свети Кирил и Методиј“  (1994), „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Сливничка во Преспа“ (2007),(на македонски) со проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, и „40 поклоненија пред гробот на свети Кирил во Рим“(2008) (на македонски), со проф.  д-р Вера Стојчевска-Антиќ и епископ Климент, како и делата „Македонски вознес“ (1994) (на македонски и англиски), „Поетски иселенички меридијани“ (1995) и„Македонците во Хамбург (1978-1998)“ (1997), (на македонски јазик) трите со Фиданка Танаскова, „Илинден во Љубојно и Преспа“ (2013) (на македонски и англиски) со Бошко Рајчовски–Пелистерски и „Силјан Мицевски“ од Битола (2015) со Ѓорѓи Лумбуровски (на македонски јазик).

1lub126 1lub127

Тој е познат и со неговите лексикографски изданија за деца „Ајде да учиме македонски и англиски“ (1997)(на француски, германски, турски, со Исние Шабан,   албански, со Лирија Реџепи, влашки со Захарица Порчу  и со Љатив Демир на ромски јазик), и „Англиско-македонски биотехнички речник“ (1994), потоа “Англиско-македонски ветеринарен речник”(1996) со проф. Илинка Дракулевска-Грубовиќ и проф. Никола Јордановски„Библиски речник“ (1997), со проф. д-р Петко Златески, Водич низ компјутерската терминологија“(2000), со Стеван Томовски.  

Тој е познат и по преведените бројни дела и трудови од македонски на англиски јазик и обратно, меѓу кои: „Селото Неволјани-Леринско“ (1986) (од македонски на англиски) од Ристо Кираџиев од Торонто, на преводите на  Јубилејното издание посветено на 50-годишнината од основањето на хидробиолошки завод – Охрид“, Охрид, (1985), на „Развојот и исхраната на младите циприниди во Охридското Езеро“ (1988), (од македонски на англиски), докторска дисертација на биологот Милчо Точко од Охрид, „Страници за Македонија и Македонците“ (1990) од Христо Андоновски, од Скопје и „Македонски стопански речник“ (1990) на Стопанска комора на Македонија, како  и други преводи на научни трудови од македонски на англиски и обратно. Тој е особено познат со преводот од англиски на македонски јазик на романот Александар Македонски“ (1988) од Урлих Вилкен.

Две публикации се објавени за Славе Катин и тоа: Монографија за животот и делото, насловена  „Катин“ (2004), на македонски и на англиски јазик и книгата за неговата публицистичката дејност, насловена „Македонски иселенички портрет“ (2004), на македонски јазик, од Борче Наумовски, поранешен министер за култура на Република Македонија.

Славе Катин е добитник на престижната награда „Крсте Петков Мисирков“ на Здружение- то на новинарите од Македонија од областа на журналистиката.

Кон публицистиката на Славе Катин ќе го дополниме и творештвото на неговата сопруга, Нада Николовска-Катин, љубанска снаа, која е автор на 8 учебници по македонски јазик, на 5 училишни книги, 5 граматики за македонскиот јазик и десетина дидактички помагала, кои се значаен прилог и придонес за учениците во осумгодишното образование во Република Македонија и за Македончињата ширум светот.

Јосиф Грежловски – Гандето е македонски интелектуалец кој свил гнездо во Јужна Флорида. Освен со литература се занимава и со поезија, како и со истражување на македонската историја. Пишува на македонски и на англиски јазик и е еден од најплодните македонски писатели во дијаспората. Јосиф е вљубеник во љубанскиот говор, а најомилена дисциплина му е античката историја, особено македонските кралеви Филип и Александар.

Првото   негово   дело „Разликите меѓу античките Македонци и антич ките Грци (Елини)“ (The Differences between the ancient   Macedonians   and antiant Greeks (Hellens) го објави на англиски јазик во 2002 година. Исто така, на англиски јазик во 2005 година го објави романот „Еден златен зрак над карпата“, (One Golden Ray Uppon the Rock), а во 2006 година го објави романот „Волците од Траперс Блаф“ (The Wolves of Trapper Bluff),

На македонски јазик ја објави збирката песни „Муабети“ (2003), романот „Виделото на Спаса“ (2004), поемата „Ко јагне“ (2005), а романите „Сараф“ (2009) и „Гробот на Росмарина“ ги објави во 2012 година.

Константин Дораковски не е познат само по неговата дипломатска кариера, туку тој има посебно место меѓу писателите во Македонија. Иако живеел во Битола, Скопје и многу места во светот, тој ги задржал посебните карактеристики на Љубојно. Затоа, во неговите дела најчесто се претставени ликовите и настаните од Љубојно и Преспанското Езеро.

Тој е автор на театарскиот текст „Шушуленко“,(1972), кој беше поставен во Драмскиот театар во Скопје. За жал, поради пресметките со либерализмот претставата беше забранета. Веројатно, таа претстава беше една, ако не и прва забранета претстава во Република Македонија. Исто така, по сценарио на Дораковски требаше да се снима ТВ-филм во МРТ за Стив Наумов. За жал, и тоа сценарио не се оствари.

Конечно, во 1995 година Дораковски го објави својот роман „Трите брега на душата“. Овој роман наиде на добар прием, особено кај Македонците во Австралија и Канада.

Романот Златниот часовник што го запре  времето“ е најново  дело на Константин Дораковскија. Во него живописно  се испреплетува интересна приказна за детството и младешките години поминати во опкружувањето на  средината каде авторот одраснал, а со отсликување и на настани и ликови од  бурните времиња на претходните генерации. Исто така, во романот се претставени  и средбите и контактите во далечните прекуокеански простори, со кои  се збогатува наративот што опфаќа стотина години (1903-2003)

Бошко Рајчовски-Пелистерски е познат и признат водител на радиопрограмата „Оро маке- донско“, потоа новинар и поет во периодот од неговото заминување во САД па до денес. Тој е прв член на Друштвото на писателите на Македонија од иселениците. Автор е на три

стихозбирки и тоа: „Дамари“ (во  коавторство со Јосиф Грежловски-Гандето) (1968), „Блиски сводови“(1973) и „Тој не се врати“(2000). За стихозбирката „Тој не се врати“, ја доби наградата Македонска веда.

1lub128 1lub129

Цвета Карапашовска – Толевска, е доктор по медицински науки и била доцент по предметот радиотерапија и онкологија на Медицинскиот Факултет во Скопје, но, исто така се занимаваше со пишување литература, особено детска и ги објавила стихозбирките „Одјава и завет“,(1998) и „Кандилца“, (1999).

Исто така, љубанци ги имаат објавено следните публикации: Спасе Јовковски ја објавил книгата „Трауматска кома“ (1991); Љуба Димовска, книгата „Петра“ (2010); Лилјана Оливеро семејната монографијата „Нестивнати бури“ (2011); Жаклина Петреска – Роберц стихозбирката „Јужни ветрови“ (на англиски и на македонски јазик), (1994); Бранко Ристовски, книшката „Ефтим Ристов Грежлов“, (2009); Слободан  Рајчовски  ја  објавил  стихозбирката „Моето  сенешто“,   (2012).   Јовко   Јовковски е автор на делото “Македонската златна генерација и нејзините дела” (2006); а Бисерка Јовковска Ќаева е коавтор на книгата: „Болести на плеврата“ (2005).

Продолжува

1slave 9Пишува СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *