ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО АНТИЧКИТЕ ВРЕМИЊА (16)

Во третиот дел на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“, која е дело на Ристо Стефов (Chris Stefou) од револуционерното село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија, меѓу другото се вели дека иако потемната страна на модерната политика со децении ја фрла својата сенка врз Македонија и врз нејзиниот народ, нова светлина започнува да сјае во овој регион. Античките Македонци не исчезнале, туку тие продолжуваат да го снабдуваат светот со своите природни дарби и способности во образованието, религијата, уметноста и архитектурата.

Инаку, Ристо Стефов (Chris Stefou) е писателот кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Тој е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.

Тој е автор на делото „History of the Macedonian people from ancient times to the present“ чиј преводот од англиски на македонски јазик под наслов „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ е на Соња Прус, а го уредил и подготвил за печат авторот на овие редови, Славе Катин. Делото е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, во 2008, на 505 страници, а е отпечатено во печатницата „Софија“ во Богданци. Рецензенти на делото се: академик Антоније Шкокљев – Дончо и Славе Николовски – Катин.

Оваа значајно историско дело кое за прв пат е печатено на англиски јазик во Торонто е огледало на вистината за македонскиот народ и за Македонија од антички времиња до денес. Книгата е поделена на 29 глави во кои се третира историскиот развој на македонскиот народ и Македонија од најпрвото македонско кралство преку издигнувавето на Македонската Империја, до денешното формирање на македонската независна, демократска и самостојна држава – Република Македонија.

За излегувањето на книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ од Ристо Стефов на македонски јазик е заслужен Славе Катин. Тој е рецензент на книгата, ја уреди, ја подготви за печат, неговата издавачка куќа „Македонска искра“ ја издаде книгата и ја промовираше во Република Македонија. Славе Катин како публицист е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на античка Македонија.

1ulr13

Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои 22 се со името „Македонија“, 20 се монографии на македонски и на англиски јазик за познати личности во дијаспората и Република Македонија, а седум дела се лексикогравски изданија.

Исто така, Катин е автор на над стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот.

Во книгата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“, меѓу другото е забележано: “Иако потемната страна на модерната политика со децении ја фрла својата сенка врз Македонија и врз нејзиниот народ, нова светлина започнува да сјае во овој регион. Дел од таа усвитеност го влече својот континуитет во минатото. Античките Македонци не исчезнале, туку тие продолжуваат да го снабдуваат светот со своите природни дарби и способности во образованието, религијата, уметноста и архитектурата.

Исто така, тие своите наследници ги снабдуваат со идеалите за светско единство, религиозна слобода и за непобедливоста на човековиот дух. Според тоа, сјајот на античките Македонски свети во сегашноста како нагло пробивање на сончеви зраци кои на најдобар начин ја преставуваат блескавоста на античка Македонија.” (Мајкл Димитри)

Во Глава 1 и Глава 2, ве запознавме со различни независни откритија што се однесуваат на петроглифите, преводите на предисториските натписи, преводите на зборови од антички текстови и на бројни предисториски лингвистички проценки.

Во оваа Глава ќе ги сумираме резултатите од истражувањата од Глава 1 и Глава 2 и ќе дадеме наша лична проценка. До крајот на оваа Глава, нашиот главен фокус ќе биде да ги претставиме македонските настани и дејства од времето на Пердика I до времето на Пердика II кои се запишани во аналите на историјата.

Се проценува дека приближно пред педесет илјади години Европа ја покривал глечер. Исто така, се знае дека повлекувањето на глечерот започнал од југ и тоа напредувало во правец на север. Според тоа, сигурно е да се претпостави дека Балканот бил првото земјиште во Европа кое почнало да се растопува и да поддржува живот. Исто така, сигурно е да се претпостави дека првите луѓе кои повторно ја населиле Европа дошле преку Балканот, правејќи го најстаро место погодно за живеење во Европа дури од најстарото ледено доба.

Од анализите на пештерските цртежи и на камењата во Македонија, можеме да заклучиме дека најстарите петроглифи, или “камена уметност”, почнале да се појавуват пред околу четириесет илјади години. Камената уметност претставува најрана и најпримитивна форма на писмена комуникација.

Наше убедување е дека камената уметност започнала со цртање едноставни предмети кои искажувале едноставни пораки. Со време, камената уметност еволуирала во софистицирани форми и шари кои опишувале се посложени и посложени пораки. Штом уметниците ја сфатиле моќта на нивната “писмена порака”, немало застанување за нив. Со време, пиктографите еволуирале во симболи не само за предмети како што се египетските хиероглифи, туку, исто така, и за звуци што ги составувале зборовите. Од откриените докази се согледува дека неолитските Македонци, ако можемеам да ги нарекуваме Македонци, можеби биле иноваторите на “фонетскиот јазик”.

Поради огромниот број пронајдени петроглифи, научниците стануваат се поубедени дека првата фонетска азбука можеби потекнала во Македонија. Благодарение на макотрпната работа и посветеност на луѓето како што е д-р Душко Алексовски, Република Македонија станува лидер во истражувањето на петроглифите.

Многу предисториски натписи и артефакти откриени во јужен Балкан, во отприлика изминативе триесет години, биле осудени да бидат од непознато потекло. Научниците не биле способни да ги дешифрираат истите бидејќи тие не се вклопувале во ниеден од “познатите” антички или предисториски јазици. Илјадници од овие натписи сега се преведени благодарение на напорите на посветените научници Васил Иљов, Антони Амброжич, Матеј Бор и многу други. Она што било осудено како “невозможност” за вообичаените научници, се докажало како едноставна задача за научниците на словенските јазици. “Дури и обичен Словенец, само да фрли еден едноставен поглед, може да ви каже што значат тие”, вели Антони Амброжич.

1ulr14

Она што е најинтересно за овие натписи, што ги збунувало научниците многу години, е дека тие се од “словенско” потекло. “Никој никогаш не помисли да гледа на нив од словенска перспектива бидејќи се мислело дека Словените не постоеле во тој регион во текот на овој период.” Во најмала рака тоа е она што го тврди традиционалната наука.

Арехеолози и лингвисти сега се во процес на собирање докази кои не само што ќе докажат дека предисториските Македонци зборувале на протословенски јазик, туку дека тие имаат венетски корени кои потекнуваат од Македонија.

Во Глава 2 споменавме дека натписите од венетско потекло се пронајдени во Дура-Еуропос /Dura-Europos/, град во Сириската Пустина основан од Александар Велики или, попрецизно, од Александровиот поручник Селеук Никатор /Seleucus Nicator/, од пост-Александровото Селеукидско Царство (post-Alexander Seleucid Empire).

“Македонците го изградиле градот Дура како погранично гратче за да ја контролираат речната трговија. Стоката, вклучувајќи и свила, нефрити, зачини, абонос, слонова коска и скапоцени камења, била носена од исток и пренесувана со камили на етапи во пустината, преку Палмира /Palmyra/, до Медитеранот.

Градот Дура била претстража и воена база што се граничела со повеќе кралства во немирните времиња. Тој станал етнички ќуп од мешавина на етнички групи кои се претопувале. Грци [Македонци], Византијци, Персијци, Христијани и Евреи во дијаспората живееле и работеле едни крај други. Во 140 година пред Христа номадите од Партиа /Parthia/ на исток го освоиле градот кој потоа преминувал во рацете те на Римјаните, те на Сасаните /Sassanians/ (друг персиски народ). Токму Сасаните биле тие кои конечно го уништиле Дура Еуропос во 256 година по Христа, веројатно, поради револтот од страна на жителите.” (http://pages.cthome.net/hirsch/dura/htm)

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave6СЛАВЕ КАТИН

 

One thought on “ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО АНТИЧКИТЕ ВРЕМИЊА (16)

  1. I found this article both enjoyable and educational. The insights were compelling and well-articulated. Let’s dive deeper into this subject. Check out my profile for more discussions!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *