ПЕХЧЕВО – ЗНАЧАЕН РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА (11)

Пехчево, едно од помалите градчиња во Република Македонија е распослано во Малешевијата, на двете страни на Пехчевска Река, под падините на Влаина Планина. Општината Пехчево е сместена на возвишението (превалот) помеѓу Беровската и Делчевска Котлина, на надморска височина од околу илјада метри.

Тоа е општински центар опколен со борова шува испреплетена си бројни патеки кои водат кон Раковец, стара рударска населба и кон други планински места. Во состав на општината влегуваат и селата Чифлик, Умлена, Робово, Панчарево, Негрево и Црник.

Тоа има добра местоположба, од Берово е оддалечено 10 км, а од Делчево и од Виница по 30 км. Поради добрата местоположба во текот на втората половина на деветнаесеттиот век почнале да се населува турско население и затоа постанал центар на турската управа. Како седиште на Малешевската каза било стратешко место, а постанало и трговски, културен и административен центар на пијанечкиот регион, затоа и го нарекувале Чучук Станбол (Мал Станбол).

Според преданијата Пехчево името го добило према некои печки за обработка на руда кои се наоѓале под падинити на планината Буковик, каде има остатоци од стар рудник за железо што се експоатирал во времето на Римјаните, Сасите и Турците. Според печките било нарекувано Печково, а потоа Турците го смениле во Пехчево. Некој, пак сметаат дека Пехчево  е далечен наследник на исчезнатиот град Малешево, по кој е именувала целата област, а се претпоставува дека се наопѓал на локацијата Градиште, или Манастириште на неколку километри од Пехчево.

Општината Пехчево  денес е еколошки чист регион со потенцијал за натамошен развој на туризмот. Тоа е град со над три илјади жители, од кои 95% се Македонци. Природните можности нудат извонредни можности за пријатен престој и за зимско-спортска рекреација, за ловен, здравствен и за друг вид туризам. Затоа со право се вели дека Пехчево е значаен рекреативен центар.

Иако мало, ова гратче има долга и богата историја. Археолошките артефакти говорат дека на овие простори постоела населба уште во римско време во која се топела железна руда која се експлоатирала од   Буковик. Според жителите, гратчето топонимот го должи токму на тие печки, односно пешчи.   Во средновековието населбата била важен стопански и административен центар.

1peh12

Сепак она што оваа мала планинска Општина ја прави голема во очите на секој посетител е имагинарнта убавина и прикриените страсти, парче земја полно со контрасти. Во исто време питомо и диво, сончево и олујно, секогаш мистично , природно,  неодоливо.
Истражувањето на волшебните убавини, спојот на природата и традицијата се предизвици на кои ретко кој може да им се одолее.

Кога се патува од Пехчево кон месноста света Петка, кај населението позната како Манастир, на оддалеченост од 4 километри, се наоѓа архелошкиот локалитет со истото име. Тоа е старо христијансјка базилика, односно манастирски комплекс со поголеми димензиии, кој покрај остатоците од црквата градена од камен и вар, вклучува и придружни објекти во функција на манастирското стопанство. Легендата зборува дека се работи за импозантен комплекс со камбанарија чиј звук се слушал дури во соседните Берово и Царево село, денешно Делчево. Се верува и дека во близина на Пехчево се наоѓаат темелите на средновековниот книжевен центар Равен, каде што светите браќа Кирил и Методија ја создале глаголица, најстрото словенско писмо.

Исто така за Пехчево е карактеристично тоа што во чест на празникот Павловден, општината Пехчево го организира Фестивалот на дувачки оркестри кој традиционално се одржува во јули. Фестивалот се организира како дел од активностите за прославување на празникот на градот – Павловден и има за цел да ја промовира традиционалната музика и на дувачките оркестри да им овозможи поголема афирмација.

За прв пат ваков фестивал во Пехчево беше организиран 2001 година, со учество на 10-тина дувачки оркестри од Македонија, кој беше вистинска атракција за посетителите. Заради финансиски потешкотии на организаторите, иако имаше голем интерес од учесниците сепак престана да се организира.

Кога ја посетивме  Малешевијата неодминливо беше да се посети и градчето Пехчево, кое е познато по туризмот и ги има истите карактеристики како и Берово. Но, Пехчево е општината во која извира реката Брегалница, животекот на Малешевијата. Таму во пешчевскиот дел на Малешевските Планини, во густата борова и букова шума се кријат водопадите што се создале кај изворите на најголемата река во источниот дел на етничка Македонија, реката Брегалница. Водопадите се наоѓаат во месноста „Валевичка Река“, како што пехчевци во тој дел ја нарекуваат Брегалница, на оддалеченост од десетина километри од убавото Пехчево, во непосредна близина на туристичката населба „Равна Река“.

Скриени во густата шума на надморска височина од 1.200 метри, во самото срце на Малешевските Планини се изворите на Брегалница. Овој живописен предел на деветте водопади претставува вистински предизвик за посетителите. Таму се изградени убави летниковци и спортски терени, прекрасни викендички и два рибника, распоредени во излетничкото место „Бараки“.

1peh13Природни убвини во Пехчево

Од овој дел на Пехчево, водите на Брегалница продолжуваат кон беровскиот крај, преку Беровскот Езеро или Ратевското Езеро, езерото „Калиманце“ и преку плодните македонски полиња се влеваат во Вардар и продолжуваат кон Солун и Егејското Море.

Во недопрените шумски предели на Малешевските планини , Буковик и Кадиица , низ горното течение на реката Брегалница , в гнезден е невчекорен природен рај.
Под самиот изворишен дел на реката Брегалница, која овде го носи локалното име Љутачка река, на околу 17 тита километри од Пехчево, во близина на врвот Ченгино кале се наоѓа највисокиот од низата познати Пехчевски водопади.

До водопадот води модерно уредена патека изработена од автохтон дрвен материјал  и неколку клупи за одмор и уживање во несекојдневната глетка на надморска височина од над 1600 метри.

Неколку стотини метри низводно, наидуваме на водопадот чија висина надминува 15 метри. Гласот на реката е посилен . Го заглушува црцорот на птиците , зуежот на инсектите…

На само еден километар подолу навлегуваме во Шумскиот парк Скокото. На влезот е каптиран чист планински извор со беспрекорен квалитет на водата. Покрај десетлетните борови стебла,  чистиот планински воздух, за кој неретко во шега пехчевчани велат дека е нивниот најдобар извозен производ кој не може да се извезе,  најповеќе пленат и оставаат без здив двата поголеми водопади Дебел рид  и бројните помали каскади вешто издлабени од неприкосновеното длето на природата.

На 7 километри од Пехчево , во пазувите на Буковик и врвот Орловец се наоѓа карпестата формација кај народот позната како Вртена Скала. Кај месното население постои верување дека карпата има некаква моќ, па според усните преданија, уште од дамнина се верувало дека  протнувањето низ карпата им помага на мајките кои немаат деца да си одимаат пород,  а им помага и на малите деца кои страдаат од лоши соништа или несоница. За таа цел во самиот отвор се оставаат дарови кои ќе им удоволат на добрите духови. Ова верување е распространето покрај во Малешевијата,Пијанец ,Кочанско и пошироко во Македонија.

Продолжува 

1slave 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *