Детската претстава „Јованче и Марика“ премиерно во Кумановскиот театар

Кумановскиот театар утревечер, со почеток во 18 часот, премиерно ќе ја изведе детската претстава „Јованче и Марика“ од Браќа Грим во режија на Бојана Краљевска. Во претставата играат актерите Дубравка Киселички, Владо Дојчиновски, Александра Михајловска, Никица Јовановски, Вера Ристовска, Сања Русеска, Матеј Стојковски.

Режисерката Краљевска вели дека преку претставата, актерите ќе ја прикажат разликата помеѓу доброто и злото и ќе ги презентираат вистинските вредности на човековото живеење.

Акетрката Александра Михајловска која ја игра улогата на Марика смета дека преку оваа претстава ќе ги едуцираат најмладите и уште од најрана возраст да го засакаат театарот.

Студентите кои што се вклучени во претставата истакнаа дека им е драго што можат да играат со актери од Кумановскиот театар.

Од Театар Куманово информираа дека веќе се распродадени билетите за утрешната премиера за оваа детска претстава. Оттаму, додаваат дека љубителите на театарот ќе можат во наредниот период да ги проследат репризните изданија.