Заев и претседателот на Беса, Гаши разговараа за реформските, економските и политичките текови

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев одржа работен состанок со претседателот на движењето Беса, Африм Гаши.

Од владината служба за информирање соопштија дека на средбата било разговарано за актуелните реформски процеси со посебен осврт на евроатлантските интеграции, како и за економските текови во Република Македонија.

Премиерот Заев го информирал претседателот на движењето Беса Гаши за текот на преговорите во врска со проблемот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, потенцирајќи дека процесот се наоѓа во суштинска фаза и дека постојат разлики меѓу преговарачките страни, но дека постои оптимизам за изнаоѓање решение кое ќе ги заштити достоинството и идентитетот на граѓаните на двете држави.

Во рамки на состанокот било договорено дека разговорите меѓу премиерот Заев и лидерот на Беса, Гаши ќе продолжат во текот на месецов заради обезбедување идна можна соработка на парламентарно ниво и на ниво на извршна власт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *