ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИЧКИОТ ПЕРИОД

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“, меѓу другото, се вели дека  покрај значајните историски податоци, авторите на оваа книга презентираат бројни словенечки топоними во алпскиот регион и кон запад и север, каде што некогаш живееле Венетите.

Освен тоа, книгата открива многу сличности помеѓу современиот словенечки јазик и јазикот на Венетите. Истражувањето извршено врз венетските написи докажува дека не само што античкиот венетски јазик (спротивно на официјални лингвисти) бил протословенски (Proto-Slavic), туку дека современиот словенечки јазик претставува негов континуитет.

Првиот познат народ на централна Европа, според авторите на оваа книга, биле протословенските Венети и првобитниот јазик во централна Европа пред доаѓањето на Индоевропејците околу2000 година пред Христа бил словенскиот.

Книгата “Венети: Први градители на Европската заедница” е прв чекор кон постепена исправка на “искривената историја” која “била напишана за нас” од странци.

До неодамна, никој не бил способен да го дешифрира венетскиот напис на урните откопани со археолошки ископувања бидејќи никој не се досетил да го употреби 25 античкиот словенски јазик како основа да се обиде и да ја реши оваа античка мистерија. Така велат тие!

Матеј Бор, словенечки лингвист, изгледа дека го одгатнал, односно дешифрирал венетскиот напис користејќи го словенечкиот јазик. (Јошко Шавли, Матеј Бор, Иван Томажиќ/Jozko Shavli, Matej Bor, Ivan Tomazic/, “ВЕНЕТИ: Првите градители на Европската заедница”)

1м123
Демостен бил обвинет за корупција

Наскоро, можеби македонските истражувачи ќе ги споредат белешките со словенечките истражувачи и ќе фрлат нова светлина врз оваа античка мистерија.

Во написот “Кој се плаши од културата на античките Македонци и зошто?”, Ташко Белчев зборува за Дејан Медаковиќ, претседател на Српската академија на науките и уметностите и за неговите обиди да сокрие одредени арехеолошки факти што не се во согласност со вообичаената српска историја.

На 4 март 1987 година, академикот Владимир Дедиер, претседател на Истражувачкиот одбор на Српската академија, испратил писмо до Дејан Медаковиќ во кое искажува жалење што Медаковиќ бил вклучен во прекинувањето на симпозиумот посветен на светот на Винча кој постоел во периодот од 6.000 до 3.000 година пред Христа.

Симпозиумот бил организиран од страна на Српската академија за науките и уметностите, Катедрата за историски науки и Центарот за научно истражување при Филозофскиот факултет во Белград.

Помеѓу другото, Дедиер го укорил Медаковиќ со зборовите: Проклет да си, Дејане Медаковиќ, поради твоите ситни амбиции да станеш претседател на Српската академија за науки и уметности. Им се умилкуваш на властите, кршејќи ги сите човечки принципи на однесување.” (Л. Клјакиќ, “Почеток на патот” /L. Klyakic, Beginning of the Road/, стр.56)” (Стр. 69, 1 август 2000 година, број 579 од списанието “Македонија”).

Во публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се вели дека на тема за Групата Винча, Васил Иљов во написот во списанието “Македонија” зборува за едно откритие на прилично импозантен споменик кој содржи антички напис, пронајден во пештерата Ситово, лоцирана близу градот Пловдив во Бугарија.

Споменикот содржи запис од две линии долги околу 3,4 м, а текстот е висок околу 40 цм, 26 напишан од десно кон лево. Според Иљов, може да се претпостави дека текстот датира од 4.500 година пред Христа и е напишан на антички, предисториски македонски фонетски јазик.

Текстот, иако не бил дешифриран во тоа време, бил објавен во 1950 година и повторно во 1971 година. Со помош на Иљов, текстот конечно бил дешифриран во 1995 година. Грубо преведено, еве што пишува на македонски јазик: “и свекорот втрчал, а додека бегал ужаси го прогонувале, а во куќата таму тие пееја псалми и гости сте на печеното месо на сонот отиден со патката!” (Стр. 71, 15.12.1999 година, број 564-565 од списанието “Македонија”).

1м124Македонска војска

Останува на Вас да решите што сака да каже античкиот писар. Уште поважно, не е работата во тоа што вели пораката, туку во тоа што таа е дешифрирана, преведена.

Можеби пораката не ни е нам наменета. Во секој случај, еве го толкувањето на Иљов. Патката во оваа порака се однесува на античка мочуришна птица која се издигнува од умрен човек и ја носи неговата душа на небото. Иљов своето толкување го темели врз основа на еден артефакт во форма на антропоморфолошка фигура што стои врз една кочија која ја возат впрегнати мочуришни птици.

Централната фигура е украсена со симболи на сонце и планети. Сепак, друг извор на археолошки податоци во поддршка на македонската цивилизација доаѓа од истражување на бронзеното доба. Според Вангел Божиновски (стр. 61, 01.06.2000 година, број 575 од списанието “Македонија”), неолитската цивилизација во Македонија се појавила 3.000 години пред таа да се појави во западна Европа. Слично, бронзеното доба се појавило во Македонија 1.200 години порано, а железното доба 200 години порано. Трагедијата на бронзеното доба се рефлектира во смртта и уништувањето што тоа и го донело на Македонија, откако истото започнало во западна Европа.

Во рацете на Европејците на север и запад, металот, што некогаш ја оформувал уметноста во Македонија, се претворил во оружје за убивање и уништување. Дали е во природата на човештвото да тежнее повеќе за војна отколку за мир? Ако го истражуваме нашето однесување според количеството  пари што ги одвојуваме за нашите воени буџети денес, би рекол дека е така.

Речиси сите вредни артефакти изработени помеѓу1.200 и 800 година пред Христа се откриени во гробници. Македонија, наречена “култура на полињата со урни”, изобилува со гробишта.

Изгледа дека без разлика колку не се откопани или колку се уништени, остануваат уште многу да бидат откриени.

Тоа е во човековата природа да биде така, вели Вангел Божиновски, само погледнете ги учебниците од кои нашите деца учат во училиште денес и ќе сфатите дека цивилизацијата не е ништо друго освен бескрајна војна. Војната е западен изум кој бил увезен во Македонија во текот на бронзеното доба и оттогаш станала наш начин на живеење.

Продолжува

Пишуваат:

121slave РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *