ДЕЛ ОД ИСТОРИСКАТА ВИСТИНА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО АНТИЧКИОТ ПЕРИОД

Делата Macedonia in Ancient Times (Македонците во античкиот период), А. Шкокљев, С. Николовски- Катин и Р. Стефов, „Македонска искра“, Скопје, 2010, 1-232, (на англиски)и  The Balkans and Macedonia (Балканот и Македнија), A. Shkokljev-Doncho, S. Nikolovski-Katin, R. Srefov, „Контура“, Скопје, 2014, 1-308, (на англиски)се дел од историската вистина на античка Македонија 

Исто така, во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се вели дека  она што е поинтересно е дека Васил Иљов и неговиот тим ги превеле скоро сите откриени записи и досега 35 букви од античката азбука се идентификувани и табелирани. (Страна 60 и 61, 1 јули 2000, број 577, на списанието “Македонија”).

Конечно, постои доказ дека македонскиот писмен јазик постоел во предисториско време. Всушност, според Васил Иљов, откриени се не една туку две фонетски азбуки. Едната била позната како општа азбука што ја користел обичниот народ, а другата била позната како “тајна” азбука што се користела за религиозни и ритуални цели. До денес, преведени се текстови на повеќе од 150 артефакти и идентификувани се околу 6.000 зборови од античкиот македонски јазик.

Според Иљов, освен што ни ја дале најстарата фонетска азбука откриена досега, предисториските Македонци, исто така, ни дале и индиции дека тие гледале во небото. Зборот “космос”, што Хелените го позајмиле од Македонците, а кој модерните Грци без да понудат соодветна етимологија го претставуваат како нивен, води потекло од Македонците, вели Иљов.

Во античкиот македонски јазик основата на именката “космос” доаѓа од придавката КОС (накосено) и од именката МОС (мост). “Космос” бил накосениот мост како што античките македонски астрономи го нарекле созѕвездието, односно јатото ѕвезди во галаксијата на Млечниот Пат кое изгладало како накривен мост гледано од Земјата.

Дури и пред Херодот (Herodotus 484-424 година пред Христа) да му ја даде на светот идејата на историјата онака како што ние ја знаеме денес, античките Македонци веќе биле запознати со тој поим. Западот го смета Херодот за татко на историјата. Што се однесува, пак, до зборот “историја”, неговите корени се пронајдени во античката македонска именка “ТР” што е најстарото име дадено на богот на грмотевицата.

Со време, зборот еволуирал од “ТР” во “ТОР”, “ТОРИ”, а во минато време “СТОРИ”, што на  македонски значи “да се случи”. Ако ова дејство го примениме на настани во кои се вклучени луѓе, тогаш доаѓаме до македонските зборови “ТИЕ И СТОРИА” што на англиски се преведува “тие сторија”. Значи, кога Херодот ја објавил својата книга со наслов “ИСТОРИЈА” од Херодот од Халикарнас/Halicarnassus/, тој всушност употребил македонски збор за својот наслов.

Ако Херодот, користејќи слична аналогија, го извлекол неговиот наслов од античкиот дијалект, како што тврдат модерните Грци, тогаш тој ќе требало да произведе именка од глаголот “КАНО” или “ЕКАНА”, а дејството “тие сторија” требало да се преведе “АВТИ ЕКАНАН”, што многу се разликува од зборот ИСТОРИЈА. (Стр. 56 и 57, 15 јуни 2000, број 576 од списанието “Македонија”).

1the2

1the3

Овде сакаме да напоменеме дека наспроти поинаквите грчки тврдења, Херодот не бил Грк и не бил од Атина. Херодот бил Карианец/Karian/, роден во градот Халикарнас во Мала Азија.

Повеќе докази кои го поткрепуваат постоењето на една античка предисториска македонска цивилизација, ни доаѓаат од античката литература. Еден од ваквите извори, што во голема мера влијаел врз нашата претстава за народите од стариот век и што го инспирирал Александар Велики да бара авантури, биле Хомеровите епски поеми.

Околу петстотини години по Тројанската војна, Хомер ги напишал еповите “Илијада” и “Одисеја”. Хомеровите дела ги маѓепсале неговите читатели со настани кои, според Ташко Белчев, започнале и завршиле во Македонија. Хомер бил роден во VIII век пред Христа и создал вистински литературни ремекдела кои восхитуваат и денес, како што восхитувале и во времето на Александар Македонски (Велики). Првобитно, сториите на Хомер биле народни приказни раскажувани и прекажувани со векови, се додека не биле овековечени со нивно печатење во VI век пред Христа. 

Она што е најинтересно за Хомеровите стории, особено за “Илијада”, е што тие, најпрво, биле напишани на предисториски македонски јазик.

Првиот палеолингвист кој отворено ги прокламирал сличностите меѓу зборовите на “Илијада” со оние на модерните словенски јазици бил Пасов/Pasov/, германски хомерологист (проучувач на 18 Хомеровото дело). Инспириран од Пасов и од други, истражувачот Одисеј Белчевски (Битолчанец кој живее во Канада) го продолжил проучувањето со тоа што јасно ја илустрирал фундаменталната поврзаност помеѓу модерниот македонски јазик и јазикот на Хомер.

“Во “Илијада” и “Одисеја”, што му се припишуваат на Хомер, опишани се мноштво негрчки народи кои живееле околу Олимп и понатаму на север во Европа кои биле “многубројни како листови во шума… со бојни коли и оружје, украсени со блескаво злато и сребро …како богови.”

Освен ако не се уништени од природни несреќи, големите народи и нивните јазици едноставно не исчезнуваат, туку всушност се менуваат и еволуираат со текот на времето. Оваа еволуција е под влијание на условите на живеење и на интеракцијата со другите народи, наречена “симбиоза” од Лидија Славеска во “Етнолошката генеза на македонскиот народ”.

Огромен број зборови од секојдневниот живот, како и имиња на бројни места, реки, планини, кралеви, богови, обични луѓе и бројни племиња, може да се најдат во Хомеровите поеми. Најголемиот дел од овие зборови опстанале до ден-денес. Ова не е чуден феномен. Она што го привлекува нашето внимание е што овие зборови го задржале своето основно значење и може лесно да ги препознаат оние кои говорат современи словенски јазици. Овој лингвистички материјал јасно го покажува постоењето и силното влијание на еден јазик, кој сигурно не бил ниту грчкиот ниту латинскиот.

По интензивното истражување кое траеше повеќе од 12 години, Одисеј Белчевски проучил, анализирал и решил голем број лингвистички проблеми преку доказите на тој архаичен јазик, кој длабоко влијаел врз грчкиот, латинскиот и врз германските јазици во нивниот историски развој од античко време.

Во публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се вели дека прашањето од што се состеол античкиот македонски јазик било проучувано од многу научници во текот на многу векови. Имало многу напори да се реконструира истиот како “грчки дијалект”. Нашето истражување упатува на следново:

1.Ниту еден лингвист ниту научник во било која друга област, никогаш не спровел компаративно проучување на овој антички јазик со најголемата лингвистичка  група во Европа и Азија – словенските јазици – која денес е во употреба! Прашањето е – зошто? Изгледа дека вистината е скриена во темнината и прекројувана од страна на западните научници и политичари во текот на речиси двесте години. Лесно е да се претпостави дека ова е сторено од националистички и поитички интереси и корист.

1the4

1the5

2. Македонските зборови идентификувани кај Хомер (1000-800 години пред Христа) се дел од основниот секојдневен живот на македонскиот народ денес. При споредување со современиот македонски јазик, постои неверојатна сличност, а во многу случаи има целосно совпаѓање.

3. Уште повеќе, оние зборови кај Хомер кои припаѓаат на таа основа се наоѓаат во корените на многу зборови во современиот македонски јазик. Тие формираат големи фамилии зборови – серија зборови што меѓусебно се поврзани врз функционална основа или едноставно се изградени според законот за функционална етимологија.

4. Некои од тие зборови се адаптирани кон грчкиот јазик, но се толку асимилирани што не може да се препознаат. Други пак, “стојат сами” во грчкиот јазик, без грчки корени или функционална поврзаност. Но, најголем дел од тие зборови апсолутно не се поврзани со современиот грчки јазик.

Многу западни научници мислат дека изразите за роднинско сродство од 1500 до 1000 година пред Христа исчезнале многу одамна. Нажето истражување докажува дека денес тие постојат во најголемата јазична група народи во Европа и Азија, вклучувајќи го современиот македонски народ. Овие специфични изрази биле од исклучителна важност бидејќи тие биле основата за зачувување на големите семејни единици – кланови, племиња и за спречување бракови помеѓу членови на семејството. Сето тоа довело до формирање на големи народи.

Пелазгите се јасно опишани во Хомеровите поеми како негрчки народ, со свој сопствен јазик и традиции сосема 20 различни од грчкиот јазик и од грчките традиции. Тие (познати под имињата Македонци, Тракијци, Илири, итн.) го населувале Балканскиот Полуостров и се рашириле низ цела југоисточна Европа (под заедничко име Скитијци (Scythians).

Во продолжение во публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ се вели дека Пелазгите подоцна мигрирале кон исток во Мала Азија (Лидијци, Бригијци-Фригијци (Lydians, Brigians-Frigians), итн. и кон запад во централна и северна Италија (Етрусканци, Венети итн. (Etruscans, Veneti).

Нивното име, Пелазги, најлогички може да се протолкува како “жители на рамни земјишта”. Култивирале плодни долини чија плодност можела да се спореди само со онаа на народите од Далечниот Исток. Во “Илијада” тие се дефинирани како Тројанци и како жители на Крит. Според грчки писатели, ним им се припишува изградбата на Акропол и тие се она домородно население на кое “грчките” племиња наишле кога дошле во Јужна Европа. Како е можно тоа, многубројните племиња на Пелазгите да исчезнат без да остават траги од својот јазик?

Продолжува 

Пишуваат:

121slaveРИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *