ТРИЕСЕТ И ОСМОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 2006 ГОДИНА

Државната делегација ја предводеше претседателот на Република Македонија г-дин Бранко Црвенковски, а црковната мирополитот Тимотеј. Во составот на црковната делегација беа уште и архимандрит Нектариј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, протојереј Борислав Лазов, свештениците Сашо Богданоски, Димче Горѓиоски, Мики Миовски, ѓаконот Бобан Бобевски и проф. Гоко Ѓорѓевски.

Македонската делегација традиционално, најпрвин, имаше средба со папата Бенедикт XVI, а потоа и во Советот за единство на христијаните, каде што беа примени од првиот човек на Советот, кардиналот Валтер Каспер, секретарот, бискуп Брајан Фарел и отец Милан Жуст, кој е одговорен за односот со православните христијани.

На молебенот, покрај црковната делегација и претседателот на Републи ка Македонија, присуствуваа и нашите амбасадори во Рим и Ватикан, Љупчо Тозија и Бартоломеј Кајтази, надбискупот Пјетро Рабу и монсињор Мигуал Маври, Милан Жуст од Католичкиот комитет за културна соработка, кардиналот Тамаш Шпидлик и др.

Во спомен на свети Кирил Солунски митрополитот Тимотеј одржа Беседа на 24 мај 2006 пред гробот на свети Кирил Солунски, во црквата „Свети Климент Римски ” во Рим, во која рече:

Почитуван Претседател на Република Македонија, почитувани министри,

Ваши екселенции, почитувани Ваши преосвештенства, почитувани

отци, драги браќа и сестри, почитувачи на животот и делото на свети

Кирил Солунски! 

Повторно и оваа година, доаѓајќи во вечниот град Рим, во нашите мисли навираат сеќавањата на претходните поклоненија извршени од претставниците на Македонската православна црква на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент Римски”. Спомените се налик на птица, некогаш умеат мошне високо да се издигнат, преминувајќи го дури и работ на времето, водејќи не денови назад, векови назад, во овој миг првенствено во вечниот град, којшто во своите прегратки ги прими светите словенски браќа Кирил и Методиј – со пофални песнославија и молитвословија: бидејќи со себе ги носеа скапоцените мошти на свети Климент папа Римски. 

Спомените се големо богатство во душата и срцето не само на секој човек, туку и на секој народ, бидејќи ако ги погледнеме тие говорат за неговата историја, за неговиот развој, за неговите идеали, говорат за неговото вградување во небоземната историја на спасението на човештвото. 

1pokl1

Таков е и денешниот спомен на свети Кирил Солунски, којшто со својот брат Методиј и со помошта на своите богуодбрани ученици – светите петточисленици, и преку Божјата севидечко око, и на словенскиот род им ја даруваа просветителската светлина за познанието на вистината на својот мајчин јазик. Ваквиот спомен е незаборавен. 

Перспективата на христијанството како едно големо семејство, можеби треба да ја забележиме и во усилбите на денешна Европа, која ги подава своите раце на доверба кон сите народи кои ја сочинуваат. Но, и тука треба да го имаме предвид и светогледот на свети Кирил како образец што денес треба да го практикуваме. Оти не случајно современа Европа ги прифати светите браќа како свои копатрони. А тоа значи дека се уште можеме ново да научиме од нив. Првенствено за рамноправноста на славењето на Бога на секој народ на свој мајчин јазик и да учиме за нивниот космополитски и сехристијански дух. Оти да забележиме тие не беа жители на царскиот град Константинопол, ниту на вечниот град Рим, туку пред се жители на небесниот Ерусалим, кој во свое време, во историјата, ќе се појави. 

Токму затоа денешниот Македонец поколениски носејќи ги спомените од своите предци и втемелен врз својата Македонска православна црква, со право и пиетет ги почитува светите браќа рамноапостоли Кирил и Методиј како едни од своите родоначелници. Со право во својата мачна и страдална историја македонскиот народ си споменувал на славните предци и на просветителите на својот род, имајќи мисла дека на великаните од нашето минато треба да им се оддаде секаква чест и почит. Во прв ред преку молитвата. 

Денес, пред телесното почивалиште на свети Кирил молиме за напредок и христијански успеси на нашиот македонски род и нашата татковина Р. Македонија. Ги молиме свети Кирил, свети Методиј, Климент и Наум, Горазд, Ангелариј и Сава да го застапат нашиот род пред нашиот Небесен Отец, измолувајќи благодат и благослов за добар плод во сите полиња од нашата дејност.

Нивниот спомен и понатаму нека биде вечен во срцата на сите верни почитувачи на делото на светите браќа Кирил и Методиј. Амин!

1pokl12Рим

Од издавачката дејност: 

Свето писмо (Библија), Со благослов на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, Библиско здружение на Република Македонија, Скопје 2006, 3-то издание.

Зденка Рибарова: Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција, Институт за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков”, Скопје 2006.

Лилјана Макријоска: Речник на црковнословенскиот јазик од македонска редакција (коавтори и член на редакција), главен уредник Зденка Рибарова.

Вера Стојчевска-Антиќ: Славистички студии, Штрк, Скопје 2006.

Илија Велев: Низ преминот на традицијата, Дијалог, Скопје 2006.

Емилија Црвенковска: Јазикот и стилот на Триодот, Менора, Скопје 2006.

 

Славе Николовски-Катин: Монографија за Георги Томов од Њујорк, „Македонска искра“,Скопје, 2007, 1-320, (на македонски и англиски).

 

Антоније Шкокљев-Дончо, Славе Николовски-Катин: Од Панонија до Егеј,„Македонска искра“, Скопје, 2007, 1- 196 (на македонски).

Славе Николовски-Катин: По патеките на Евлија Челебија, „Македонска искра“,Скопје, 2007, 1-192, (на турски).

Славе Николовски-Катин: Монографија за митрополитот Кирил, Полошко-кумановска епархија, „Македонска  искра“, Скопје, 2007, 1-342, (на македонски и англиски).

Продолжува

 
1slav Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *