Началникот на ГШ на Армијата Васко Ѓурчиновски на Форумот Б-9 во Сараево

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во неколкудневна работна посета на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска ќе учествува на четиринаесетата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Форум Б-9).

-Во текот на престојот во Сараево, Ѓурчиновски ќе оствари средба со началникот на здружениот штаб на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, генерал-полковник Сенад Машовиќ, а ќе го посети и кампот Бутмир каде ќе има средба со командантот на мисијата ЕУФОР, генерал-мајор Александер Плацер, најави Канцеларијата за односи со јавност на ГШ на Армијата на Северна Македонија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *