Македонската фудбалска репрезентација замина за Букурешт, каде ќе настапи на Европско првенство

Со чартер-лет од Меѓународниот аеродром Скопје, македонската фудбалска репрезентација замина за Букурешт, каде за првпат ќе настапи на Европско првенство.

На македонските репрезентативци прв им посака среќа претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини кој одржа мотивациски говор за успех на фудбалерите.

Премиерот Зоран Заев на аеродромот во Скопје се поздрави со капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски и им посака успех на репрезентативците.

Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Сејдини упатија искрена благодарност до Владата и премиерот Заев за убавите зборови на поддршка за македонската репрезентација пред заминувањето за Букурешт.

Сите тестови на коронавирус во македонската експедиција се негативни и во комплетен состав се патува за Романија.

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски последните пет дена од подготовките за настапот на Европското превенство ќе ги поминат во градот каде ќе ги одиграат првите два натпревара од континенталниот шампионат.

„Црвено-жолтите“ на ЕП се наоѓаат во Ц-групата. Тие на 13 јуни ќе играат со Австрија, а на 17 јуни се среќаваат со Украина. Последниот натпревар од групната фаза ќе го имаат со Холандија во Амстердам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *