Еврокомесарите Хан, Вархеј и Џентолини со позитивни оценки од средбите со Бесими: Република Северна Македонија продолжува со реформскиот пат

Еврокомесарите за буџет и администрација Јоханес Хан, за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји и за економија Паоло Џентолини излегоа со позитивни оценки за средбите со министерот за финансии Фатмир Бесими во Брисел, посочувајќи дека Република Северна Македонија продолжува со реформите поврзани со членството во Европската унија.

– Добра дискусија со министерот за финансии Фатмир Бесими денеска. Важно е дека Северна Македонија продолжува да испорачува ЕУ реформи. Исто така, фокусот беше на Економско-инвестицискиот план за Западен Балкан – неговата имплементација ќе биде клучот за пост-ковид заздравување, напиша еврокомесарот Вархеји на Твитер.

Еврокомесарот Хан, исто така на Твитер, наведе дека му било задоволство да се сретне со Фатмир Бесими, министер за финансии на Северна Македонија.

– Имавме плодна дискусија за постковид економското заздравување и мерките кои треба да се преземат. ЕУ продолжува да ја поддржува земјата и земјите од Западен Балкан во нивните реформски патеки. Фокусот останува на владеење на правото, напиша Хан.

Министерот Бесими е во дводневна официјална посета на Брисел во рамки на која има повеќе средби со еврокомесари, со директорот на Директоратот за соседство и проширување и со Светска банка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *