Џанг Ѕуо: Заедно работиме за нова иднина за соработка меѓу Кина и ЦИЕ

На 9 февруари 2021 година, преку видео конференција успешно се одржа Самитот на Кина и земјите од Централна и Источна Европа. Претседателот Си Џинпинг претседаваше со Самитот во Пекинг и одржа главен говор. Премиерот Зоран Заев одржа емотивен говор. Лидерите на Самитот разменија идеи и предлози за градење консензус и исцртување на  нацрт за идна соработка. Објавени се Листа на активности – Соработката меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа во 2021 година во Пекинг и Списокот на резултатите од Самитот Кина-ЦИЕ. Овој самит беше прва домашна дипломатија во Кина оваа година, а исто така беше и состанок на лидерите на највисоко ниво во последните девет години од воспоставувањето на механизмот за соработка Кина-ЦИЕ земји. Лидерите на Кина и земјите од Централна и Источна Европа сеопфатно го разгледаа процесот на развој на соработката Кина-ЦИЕ, го сумираа искуството за развој, заеднички се радуваат на изгледите за развој и постигнаа широк и важен консензус.

Прво, зајакната е довербата во соработката за заедно да се надминат тешкотиите. Како што истакна претседателот Си Џинпинг во главниот говор, win- win соработката (соработка која е добитна за сите вклучени страни) и заедничкиот развој се оригинална посветеност кога овој механизам за соработка меѓу Кина и земјите од ЦИЕ беше започнат. Во споредба со периодот пред девет години, светот претрпе огромни промени. Задачите и предизвиците со кои се соочува соработката Кина и ЦИЕ и нејзиниот развој се посложени. Но, она што е за пофалба е дека Кина и земјите од Централна и Источна Европа се придржуваат кон дипломатската филозофија на пријателска соработка, се држат до правилната насока на солидарност и напредок и работат заедно за да го промовираат успехот на овој самит. Лидерите на сите страни, вклучително и премиерот Зоран Заев, сметаа дека продолжувањето на унапредувањето на соработката Кина-ЦИЕ е неизбежен избор што е во долгорочен интерес на сите страни. Сè додека сите страни не ја заборават својата оригинална заложба и гледаат долгорочно, соработката Кина и ЦИЕ ќе се движи напред стабилно и со големи чекори.

Второ, одржливоста е промовирана како принцип на соработка. Претседателот Си Џинпинг прецизно ги сумираше принципите на соработка Кина-ЦИЕ за обемни консултации и заеднички придонес, фокусирајќи се на вистински резултати преку урамнотежена соработка, да бидат отворени и инклузивни, иновативни и претприемнички. Тие принципи се во согласност со трендот на времето на мир и развој, и исто така се совпаѓаат со духот на „Појасот и патот“ на обемна консултација, заеднички придонес и заеднички придобивки. Тоа е успешна практика на мултилатерализам во соработката Кина-ЦИЕ. Лидерите на Самитот сметаат дека меѓусебната корист и win-win соработката е клучот за успех на билатералната соработка. Тие треба да продолжат да опстојуваат и да промовираат во иднина, и да играат поголема улога во унапредувањето на меѓурегионалната соработка и унапредувањето на регионалниот развој. Врз основа на концептот  „17 плус 1 може да направи повеќе од 18“, сите страни се охрабруваат да најдат позиција и да ги развијат и искористат целосно своите предности во соработката заснована на нивните сопствени дарби, така што сите учесници во соработката ќе имаат корист.

Трето, резултатите од заемно корисната соработка се проширени. Самитот издаде список на резултати, кои обединија 88 меѓувладини договори и документи за комерцијална соработка потпишани меѓу страните од состанокот во Дубровник во 2019 година, со вкупна вредност од 13 милијарди УСД. Тие договори опфаќаат различни области како што се инспекција и карантин, образование, технологија, транспорт и енергетска инфраструктура, финансии, инвестиции, е-трговија, туризам, култура, спорт и заштита на животната средина. Овие достигнувања целосно ја одразуваат практичната природа и широките перспективи на соработката Кина-ЦИЕ, а исто така покажуваат дека Кина придава големо значење и има искрена желба за продлабочување на соработката меѓу Кина и земјите од ЦИЕ.

Четврто, направен е проект за win-win соработка. За време на Самитот, претседателот Си Џинпинг и премиерот Зоран Заев и другите лидери заеднички го утврдија фокусот на следната фаза на соработка за да вклучат области, вклучувајќи борба против епидемијата во солидарност, практична соработка, меѓусебна поврзаност, зелени иновации, земјоделство, дигитална економија, и културни размени и ја креираа Листата на активности за соработката меѓу Кина и ЦИЕ во Пекинг, во 2021 година, со што се постави насоката и се планираше патот за следната фаза на соработка. На Самитот, претседателот Си Џинпинг објави низа важни иницијативи за соработка и мерки во областа на економијата и трговијата, земјоделството, големите проекти и културната размена. Кина има намера во следните пет години да увезе повеќе од 170 милијарди американски долари стока од земјите на ЦИЕ, и да го удвои земјоделскиот извоз на земјите од ЦИЕ во Кина и да ја зголеми двонасочната земјоделска трговија за 50 проценти во текот на следните пет години.

Постои една изрека во Германија: „Оние што работат сами собираат. Оние кои работат заедно умножуваат (Wer alleine arbeitet, addiert. Wer zusammenarbeitet, multipliziert)”. Постои голем потенцијал за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа. И соработката дополнително ќе го изврши ефектот на множење. Кина влегува во нова фаза на развој и го забрзува своето темпо во поттикнување на нова развојна парадигма со домашна циркулација како столб и домашни и меѓународни циркулации што се зајакнуваат едни со други. Ова ќе го отклучи целосниот потенцијал на огромниот кинески пазар и домашната побарувачка генерирана од 1,4 милијарди луѓе, вклучително и над 400 милиони во групата со среден приход. Тоа сигурно ќе донесе поголема побарувачка и повеќе можности за светот. Земајќи го овој самит како почетна точка, со заеднички напори на сите страни, соработката Кина и ЦИЕ сигурно ќе најави подобро утре.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *