Саем на проекти на Програмата за вработување, образование и социјална инклузија финансирана од ЕУ

Над 45 проекти ќе бидат презентирани денеска на Саемот на проекти на Програмата за вработување, образование и социјална инклузија финансирана од ЕУ што ќе се одржи денеска на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

Како што информираат од Делегацијата на ЕУ, на настанот ќе се обрати шефот на Делегацијата на Европската унија, амбасадорот Самуел Жбогар, кој ќе ги презентира резултатите и остварувањата на Програмата за вработување, образование и социјална инклузија на ЕУ, во рамките на повеќегодишната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година ИПА, а најавени се и обраќања на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Драган Тевдовски.

На настанот, кој е во рамки на кампањата „Веруваме во Тебе, вложуваме во Тебе, ЕУ за ТЕБЕ!”, треба да присуствуваат и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска како и министерката за образование и наука, Рената Дескоска. Учесници исто така ќе бидат сите засегнати страни и корисници на средствата инвестирани од ЕУ во износ поголем од 35 милиони евра.

– Саемот на кој ќе бидат презентирани повеќе од 45 проекти ќе даде информации за нивната работа во рамките на трите приоритети на програмата на ЕУ – вработување, образование и обука и социјална инклузија, а ќе има и три работни дискусии (работилници) за овие три сектори кои се опфатени со Програмата, стои во соопштението од Делегацијата на ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *