Државните институции и државата се заробени од хунтата на власт. Правосудниот систем работи под диктат и штанца конструирани обвиненија за политичките неистомисленици на власта.
Монтираниот случај за наводен тероризам против 36 македонски патриоти е целосно неоснован и е со цел заплашување на секој еден кој се решил да крене глас против оваа недемократска власт.
Неправдата се чувствува на секој чекор. Селективната правда е исто така неправда и создава револт.
Народот е уценет, а на љубовта кон татковината се гледа како кон грев, кој се казнува. Ова е епилогот од 6 месечното владеење на СДС.
Целата држава е ставена под контрола на власта, медиумите се притиснати, а граѓаните во страв. Додека се продаваат националните интереси и се спроведуваат штетни политики власта го дефокусира народот со разни спинови, лаги и конструкции.
Селективноста на власта се гледа во пуштањето на убијците од Смилковско езеро на слобода, додека во исто време ги затвори 36-те македонски патриоти кои мирно и искрено протестираа 59 дена.
Во 21 век, во современа Европа, ние се соочуваме со хунта кој апси политички неистомисленици. Секој што размислува различно е под закана н обвиненија. Оваа неправда мора да запре. Притисоците, заканите и уцените не смеат да бидат наше секојдневие. Потребна е слобода за сите неправедно обвинети. Македонија мора да оди напред.
ВМРО-ДПМНЕ бара слобода за патриотите. ВМРО-ДПМНЕ бара да запрат неправдите, хајките и местенките.
ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на улиците се додека ова лудило на власта не престане.
ВМРО-ДПМНЕ денес ќе изврши блокирање на следните крстосници во период од 15 – 17 часот:
– Крстосницата кај Мавровка;
– Крстосницата помеѓу улиците „Васил Чакаларов“ и „Ангел Динев“ во Карпош;
– Крстосницата кај „Рампа“ во населбата Кисела Вода.
Воедно ВМРО-ДПМНЕ ќе организира и протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, денес во 18 часот, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.
Great article! The depth of analysis is impressive. For those wanting more information, visit: LEARN MORE. Looking forward to the community’s thoughts!