Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија
Една од најзначајните организации на Македонците во прекуокеанските земји, секако, е Организацијата “Обединети Македонци” од Торонто Во исто време, таа е прва македонска национална организација во Канада и собира најголем број иселеници од сите делови на Македонија.
Организацијата “Обединети Макадонци” е формирана на 28 април 1959 година во Торонто. На тој ден беше свикано сеопшто македонско национално собрание, чија основна задача беше да се формира комитет во чиј состав влегоа четириесетина истакнати доселеници од македонско потекло, од кои поголемиот бpoj беа од егејскиот дел на Македонија, а кои пред тоа членуваа во разни македонски и Други друштва, црковни општини, културно-просветни и селски друштва.
Формирањето на организациЈата “Обединети Македонци” е настан што одигра вонредно значење во обединувањето на македонските доселеници во Канада и пошироко. Настан што започна да ја афирмира македонската нација на Северно-американскиот континент. Co статутот, кој мошне релјефно го отсликува духот на времето и карактерот, се определени задачите и улогата иа организацијата “Обединети Македонци”.
Така, уште на почетокот јасно е зацртано дека Организацијата треба да работи за единството меѓу Македонците на северноамериканскио континент и во целиот свет, вклучувајќи ги и малцинствата кои се родени или се по потекло од Македонија, а кои го признаваат и го почитуваат статутрт на Организацијата. Исто така во оваа македонска организација можат да членуваат лица без разлика на нивната религија, политичките. убедувања или поврзаноста со други организацил или асоцијации.
Од почетоците на „Обединети Македонци“
Меѓутоа, најзначајно е да се истакне дека организацијата е неполитичка и дека таа не поддржува ниедна политичка партија или систем на владеење. Ваквата платформа овозможува развој на културно-просветно поле и подобро презентирање на богатото национално наследство на македонскиот народ пред канадската јавност. Затоа, една од нејзините основни цели е да организира културно-воспитни програми меѓу младите генерации од македонско потекло, со цел, нив да ги запознае со македонската национална историја, јазикот, културата, традициите, како и да го презентира културно-просветниот развој на Македонија.
Исто така, организацијата го брани и го чува “мето на Македонија и правата загарантирани со определбата на Обединетите нации и Декларацијата за човекови права, како и ги почитува достигањата и успехот на националните слободи, независноста и суверенитет во Република Македонија.
Организацијата “Обединети Македонци” во изминатите три и пол децении посебно внимание посвети на организирањето на Илинденскиот пикник, што е најброен и најзначаен што го организираат Македонците во прекуокеанските земји. И покрај некои осцилации, пикникот се организира многу успешно и на него се собираат од 10 до 25 илјади посетители од сите краишта на Канада и на САД, а учестѕуваат и црковни и државни делегации, како и културни и јавни работници и друштва од Канада и од Република Македонија.
Исто така, секоја година Организацијата ги слави 11 Октомври – Денот на оруженото востание на македонскиот народ, Нова година, раѓањето нп големиот син на Македони|а – Гоце Делчев и Денот на Светите Кирил и Методиј. Во чест на овие значајни датуми на македонскиот народ се организираат пригодни вечери со присуство на голем број посетители, a no тој повод се печати по еден број од весникот “Обединети Македонци”. Потоа се организираат “Деновите на македонската култура”, на кои учествуваат културно-уметнички друштва, како и трибини и предавања за културниот и за општествениот развој на македонскиот народ.
Една од дејностите на “Обединетите Македонци” е образованието и воспитувањето на младите Македончиња. Во состав на Организацијата работи македонско училиште во кое се учи националната историја, јазикот и географијата, а кое е посетено од голем број Македончиња, родени во Канада, потоа, играорната група “Гоце Делчев”, што претставува собиралиште на младите играорци вљубени во македонското оро и песна, a co успех работат фудбалскиот и хокеарскиот клуб, литературната и други секции.
Се чини магнетизмот на Илинден во иселеништвото најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото.
На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Канада се одржуваат во сите изминати години, што значи дека тие се веќе темелно традиционални.
Илинденските празнувања на американскиот континен имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците од сите делови на Македонија на овие простори. На нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, особено кај средствата за информирање.
Затоа, организацијата “Обединети Македонци”, заедно со македонските црковни општини, културно-уметничките друштва и со другите видови асоцијации, претставува најголемо и едно од најзначајните собиралишта на Македонците, е важен фактор во презентирањето, афирмирањето и чувањето на македонското име, на културното наследство и на националните достоинства на македонскиот народ.
Меѓутоа, се чини најзначајно е тоа што членовите на организацијата “Обединети Македонци” се едни од иницијаторите за изградбата на Македонската православна црква “Св. Климент Охридски” во Торонто и на “Св. Наум Охридски” во Хамилтон, што претставува силен поттик за формирање на други македонски православни општини во Канада и во САД
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН
This article was a fantastic blend of information and insight. It really got me thinking. Let’s dive deeper into this topic. Click on my nickname for more thought-provoking content!