Селото Велушина меѓу двете светски војни

Според пишаните документи, или од кажувањата на постарите луѓе одселото  Велушина, може да се заклучи дека најголемото шаренило од војнички униформи што ќе види ео Велушина е во времето на Првата светска војна. Тоа е време кога Велушина е броен и значаен стационар на војници од најразлични родови и националности, така-речи и нема воена униформа од Европа што не се движела по уличките на селото. Униформи со ширити, сини униформи, темни униформи, чизми, војнички чевли, униформи со еполети и униформи без еполети, покрај тоа и раси и различни јазици.

Така. при крајот на 1912 год. доаѓаат српските сивомаслинести униформи кои ги заменуваат интензивните сини бои на турските војници. Во есента 1915 год. доаѓаат нови, бугарски и германски војниџи. Многумина го напуштаат селото од страв и го препуштаат имотот и куќите на распаѓање.

Во селото биле стационирани 700 бугарски војници. По пробивот на Солунскиот фронт во есента 1916 год. Повторно се појавуваат српските сиво-маслинести униформи. Покрај нив ги имало, исто така, познатите униформи на сојузниците, како и разното разнообразие, зашто меѓу француските војници имало и многу Сенегалци, Тунижани и др.

Во 1918 roд војната завршила, Војниците се повлекле и заминале во земјите од каде дошле, но Велушина и натаму како стационар не го загубила значењето. Селото останало центар вo кој постојано дежурале униформирани лица. Нивниот број се зголемувал како што се множело и се развивало особено качачкото движење. М н о гум и н a од нив имале и семејства, кои ги сместиле во велушките домови, а нивниот стационар бил објектот во кој и денес се наоѓа полициоката станица.

3sl

Велувци убиени во 1905 година  

4sl

Фреска од црквата Света Богородица во Велушина

Треба да се нагласи, меѓу другото, дека при крајот на 1917 год. во Битолско била направена управна регионализација на реокупираните области и тоа во три околии: Бач, Велушина и Битола. Бачката уште се викала и Мариовска, зашто ги зафаќала населените места од подрачјата на Мариово и Пелагонија; Битолската го имала само градот Битола, а Велушката сите села што биле реокупирани и преземени од бугарските и германските војски.

Во рамките на Велушката околија биле организирани четирите општини: Буковска, Барешанска, Велушка и Драгошка. Тоа зборува дека селото Велушина имало многу големо значење за време на Првата светска војна.

Исто така, од 1912 год, па до нашите дни, Велушина била општински центар. Покривала од неколку до десеттина села. Таа година под нејзинауправна власт биле: Велушина, Граешница. Лажец. Острец и Канино. Селото броело 521, а општината 3.124 жители. И по Првата светска војна останало да биде општински центар.

Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) е посебен и голем датум во историјата на Република Македонија. Така, периодот од септември до октомври 1944 год. е време кога на големо се поставува новата власт и кога се формираат бројни околиски, окружни, градски, општински и селски народноослободителни одбори. Во сите нив влегле активисти што се докзжале во организирањето на отпорот, но и луѓе кои верувале во новото што доаѓа.

Во олштата структура на 14 општински народноослободителни одбори од Битолско спаѓа и Велушкиот народноослободителен одбор, кој со 940 семејства и со 6.898 жители, беше најголемиот во околијата. Во него припаднале 11 села, и тоа; Велушина, Барешани, Граешница, Драгош, Острец, Олевени, Жабјаниг Канино, Кишава, Лажец и Породин.

Според архивските документи може да се заклучи дека општинските народно-ослободителни одбори, всушност, по својата функција не биле ништи друго туку старите општини. Ги имале истите задачи и цели. Тоа било локална власт што имала непосреден увид во проблемите и која се трудела најдиректно да ги разрешува. Покрај опшинското собрание, општинските народноослободителни одбори имале и управно тело од претседател, потпретседател, секретар и одборници, но и комисии кои најнепосредно ги разрешувале проблемите и своите предлози ги упатуавле до одборот, кој ги донесувал решенијата.

5sl

Битолскиот партизански одред „Јане Сандански“

Некогашната функција на селски кмет сега ја имал присвоено, со исти задолженија и со повеќе ингеренции, селскиот народноослободителен одбор. Тој непосредно бил врзан за селото и за селските проблеми. Фигурирал како последно теле на власта, која мора да ги исполнува и наредбите на повисоките органи. И селскиот народно-ослободителен одбор имал управно тело со претседател, потпретседател, секретар и одборници. Некои од овие функции биле платени како што биле платени и некои од функциите на општинскиот  народноослободителен одбор.

Секој селски одбор се интересирал и бил врзан за програмите од животот на селото. За бројни прашања решавал велушкиот народноослободителен одбор. Меѓу другите, иако не најважно било и прашањето за именувањето на улиците и институциите што се наоѓале во селото.

Кога се зборува за верата се памети кај селаните дека историјата за селото Велушина е тесно поврзана со духовното живеење на селаните, кои имале голема почит кон христијанската вера и затоа граделе свои храмови. Постои народно сеќавање дека на Остречкиот Пат од левата страна кога се доаѓа од планината, а нешто подолу спроти Поповата Ливада некогаш имало црква. На тоа место денес скоро на површината можат да се ископаат камени темели од некаков објект. Народното предание говори дека сличен објект бил лоциран и во местото Беџан,

Во селото и околу него можат да се избројат осум цркви и манастири што е уникатен случај за Битолска околија. Велувци многу сакаат да градат свети храмови. Нужни се и мали потикнувања и поединечно, и семејно, не ретко и заеднички да се зафатат и да покренат акција за подигање Божји храм. Иако некои од црквите не се во завидна положба денес, и во однос на нивното зачувување иградежно зацврстување биле подеднакво агилни. Но, и многу дародавни кон црквите и некои од нив во минатото имале богати имоти.

Во селото постојат четири семејства кои го носат презимето Поповци, Сето тоа потврдува дека религиозноста што ја носат велувци и што ја пренесуваат секаде каде што живеат, било во татковината. било во прекуокеанските земји е една особина по која веднаш се препознаваат како луѓе со традиција, обичаи и вера.

Продолжува

1Slave Katin 3Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

SHARE