БОРКО РИСТОВСКИ ВО КИЛ?

Чуварот на мрежата на македонската ракометна репрезентација,, Борко Ристовски, наскоро би можел да ја напушти Барселона и да ги засили редовите на бундеслигашот Кил. Ристовски има договор со Барса до 2019 година, но лесно може да се случи тој да биде скратен за една година.

Имено, според извори од Германија, интерес за ваквиот трансфер покажале сите три страни, а Ристовски би дошол во Кил на местото на Андреас Волф, кој замина за Кјелце.

Ова ќе биде враќање на Ристовски во бундеслигата, бидејќи претходно играше за Гумерсбах, а со Рајн Некар Левен ја освои Шампионската титула.

SHARE