Емпајар Стејт Билдинг во Њујорк во боите на македонското знаме

Боите на македонското знаме, заедно со другите знамиња на земјите учеснички на Зимските олимписки игри 2018 ќе бидат осветлени на познатата њујоршка зграда Емпајар Стејт Билдинг.

Осветлувањето е во чест на денешното отворање 23. Зимски олимписки игри кои се одржуваат во Пјонгчанг, Јужна Кореја.

Како што информираат од Министертсвото за надворешни работи, осветлувањето и ротирањето на боите на знамињата на земјите учеснички на ЗОИ, ќе започне денеска во 23:22 часот по македонско време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *