БРАЗИЛЕЦОТ ЖУНИОР ВО НАПАДОТ НА ПОБЕДА

Очигледно дека во редовите на Победа од Прилеп многу работи се менуваат на подобро, а Победа е на патот да се врати онаму каде што и е местото, при врвот на Македонскиот фудбал.

Имено, по потпишувањето на искусниот Дарко Тофилоски, кој пролетва ќе застане меѓу стативите, прилепчани донесоа уште едно големо засилување, бразилецот Лукас Силва Сантос Жуниор, играч од нападот и линијата за врска.

Лукас Жуниор беше желба на прилепчани уште летоска, но дури сега успеаја да го направат трансферот. За тоа време, Жуниор ги одработе подготовките во Анталија со Раднички Ниш, задоволи, но не успеа да се договори околу условите. Победа тоа го искористи и ја оствари желбата да го има овој фудбалер во своите редови.

Покрај Жуниор, за победа потпиша и Александар Исаевски, досегашен фудбалер на Македонија Ѓ.П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *