Со гордост Ви претставуваме една успешна приказна од Македонија, изложбата на уметникот Славчо Спировски што ќе биде отворена овој 16-ти Јануари пред светската публика во Њујорк.
Изложбата и нејзината промоција е од отворен карактер, а специјален гостин на отворањето ќе биде познатиот виртуоз на пијано, Симон Трпчески!
Сите што сте во близина поканети сте да ја посетите.
Му посакуваме успех и многу вакви приказни преку кои се промовира нашето име!