Олимпискиот Пантеон во Панонија

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА –III ДЕЛ

Платон го споредувал Сократ со Силен. Дионис со својата оргиска придружба пошол во победоносен поход во Ниса (Ниш), па понатаму кон југ. Во Тракија му се спротиставил кралот на Едонците Ликург, кој немилосрдно го прогонил Дионис на планината Ниса и го фрлил во море, а лозјата ги пресекол со секира. Меѓутоа, во настап на лудило, Ликург ги убил жена си и синовите. Потоа Дионис го однел на Родопите и го фрлил пред пантерите

На патот кон Македонија Дионис со својата придружба наидувал на бројни приврзаници кои сé повеќе учествувале во неговите мистерии. Слични успеси доживеал во Пелазгија, Египет, Индија и Шпанија, а насекаде бил славен како бог на виното, лозарството и вегетацијата. Неговите прославувања се нарекувале Дионисии. Главно обележје на неговиот култ биле оргиите и паѓањето во екстаза под дејство на виното, играта и музиката.

Дионис е едно од најзагадочните божества. Негова омилена билка бил бршленот, со кој ја овенчува својата глава, светите животни лав, пантер, јарец и бик. Дионис е главна личност на трагедијата од Еврипид „Баханалии“. Неговиот храм во Атина се викал Дионисион, а театарот Дионисиакон се наоѓал на јужните падини на Акропол.

Градот Шабац има исто име како и митолошкиот бог Сабазие. Шабац се наоѓа на Сава, притока на Дунав (Зевс), во праисториската област на Мишаните (од μυς, mis-глушец), од кој потекнуваат денешните топоними Мишар, за село, рид и поле покрај Шабац и Сава.

Во хидронимскиот систем на Панонија, посебно на Дунав, не постои називот Хефест. Хомер во „Илијада“ (18, 369 и 467) Хефест го нарекува „Пламен кој пустоши“, т.е. φλοξ, `Ηφαιστοιο, floks, hefajstojo. Етимолошки φλοξ, φλεγω имаат корен φλεγ, fleg-пламен, пожар, оган, а глаголот е φλεγω, flego-гори, распарува, додека во медицината зборот φλεγμονη-воспаление. Веќе е кажано дека φλεγραιον πεδιον, flegrajon pedion е идентификувано како Пожаревско Поле. Името Хефес етимолошки потекнува од показната заменка `ηφι, hefi-оној и зборот αιστοω, ajastoo-пустоши, уништува.

panteon2

Реката Дунав

Хефест (`Ηφαιστος) е син на Зевс и Хера, едно од дванаесетте олимписки божества, персонификација на богот на огнот. Во легендата Хефест е плод на предбрачната љубов меѓу Зевс и Хера, па затоа бил роден како недоносенче и чудовиште. Неговата мајка со гадење го отфрлила, но сето тоа тој го преживеал, се смирил со мајка си и станал прочуен ковач и творец на најубавите уметнички дела во светот на боговите.

Како бог на огнот, Хефест господарел со топлите извори, запаливите гасови и сите видови метали. Тој владеел со вулканите каде се наоѓале неговите ковачници. Хефест ковал престоли за олимписките игри, а, пред сé, изработил прекрасен златен престол за својата мајка Хера. За прочуените јунаци правел најдобри штитови и друго оружје. Во гигантомахијата на Φλεγραιον Πεδιοω (Пожаревско поле) бил многу активен, а своите противници ги убил со зажарен метал.

Најстарите центри на Хефестовиот култ биле во Мала Азија, а, пред сé, во Троада, Ликија и Карија, во области кои изобилуваат со запаливи гасови и термални извори.

Хестија (`Εστια) или Хистија (`Ιστια) е, исто така, едно од дванаесетте олимписки божества, персонификација на оган во домашно огниште, заштитничка на куќите, градовите, племињата, државите и на прогонетите. Таа била најстара ќерка на Крон и Реа, божествен праоган. Етимолошки името потекнува од зборот `εστια, hestia-домашно огниште, домаќинство, куќа, жртвеник. Ист јонски збор е `ιστια, histia. Зборот `εστιαο, hestiao значи: хранење, гостење, мазење, честење.

Култот на Хестија архетипски бил негуван уште во осмиот милениум пред Христа во културата на Лепенски Вир, каде е согледано дека во секој дом на средината имало огниште и жртвеник на куќните богови. Домашното огниште, освен религиска намена,  служело за загревање на просторот и за подготовка на храна. Оттаму и двојната смисла на зборот hestija, за огниште и за храна.

panteon3

Крупа

Зевс многу ја почитувал Хестија зашто била вечна девица и никогаш не учествувала во војни. Заради овие особини тој í доделил почесно место во средината во секоја куќа, во сите храмови, згради за заседавање и на плоштадите. Нејзе í биле укажувани најголеми почести и í биле принесувани жртви крај огништето. Покрај огништата биле поставувани трпези за домашните или гостите, што е согледано во културата на Лепенски Вир, 6000 година пред Микенската култура.

Култот на Хестија бил пренесен и во останатите делови на Балканот, а, пред сé, во Делфи. Тоа го сторил Хипербореецот, богот Аполон (Херодот IV, 32 и понатаму). По налог на својот татко Зевс, Аполон од Средно Подунавје отишол во Пелазгија, во светилиштето на Геа во пештерата под планината Парнас, каде со стрели го убил змејот со име Питон. На тоа место го обновил светилиштето и создал пророчиште под името Делфи (корен δελ, del-измама, гатање).

Во Делфи, Аполон вовел култ на огништето и жртвеник, веројатно од културата на Лепенски Вир. Во текот на античкиот период Аполоновиот жртвеник во Делфи станал култно огниште на цела Елада, а симбол на тоа било божицата Хестија. Заколнувањето во семејното огниште се сметало за исклучително свето, насекаде во Балканот и во Мала Азија, но и кај Скитите, североисточен сосед на културата на Лепенски Вир, каде Хестија била главно божество.

Еквивалентното значење на зборот хестиа (`εστια) е истија (`ιστια-храна). Од овие зборови настанале: `ιστιητοριον, `εστιατηριον, hestietorion-гостилница, ресторан за граѓаните и гостите на свеченостите. Зборот истиа влијаел на ономастиката на Дунав, во неговата долна третина да го добие називот кој Херодот (II, 26) го запишал како Истар (Ιστρος).

Меѓу важните богови на Олимп спаѓа и Посејдон (Ποσειδων), кој бил син на Крон и Реа, брат на: Зевс, Хера, Хад, Хестија и Деметра. Етимолошки неговото име е кованица од ποσις, posis-господар и ειδον, ειδων, ejdon-гледа, додека ειδος, ejdos-лик, т.е. Господар. Во митологијата Посејдон бил господар на сите мориња. Според Хесиод (Тегонија, 453), Посејдон на бедемите кои го опкружувале Тартар (Ѓердап) поставил „бронзена врата“. Овој назив е сочуван денес и кај Голем Казан на Дунав, под името „Железна врата“. Посејдоновите атрибути биле трозабец, коњ и делфин.

Херодот (II, 59 и 171) ја идентификува египетската божица Изида со Деметра. Зашто „. . . Изида на елинскиот јазик значи Деметра“. Етимолошки именката Деметра (Δημητηρ) е кованица од честичката δη, de-очигледно, секако и зборот μητηρ, meter-мајка. Во чест на Изида, свеченостите се приредувале во градот Бузирида, зашто во него се наоѓа најголемиот храм на Изида (Деметра).

Една од поголемите притоки на реката Млава (Стига), кој извира од Хомољските Планини и Кристалната Пештера, го носи називот Бусур, Во речникот на Senc (1910 год., 159), Βουσιρις, busirid е: 1) Посејдонов син, стариот египетски крал кој ги жртвувал странците, 2) „место Озирисово“, град во Нилската Долина. Според Диодор Сиц. (IV, 26 и понатаму) на Бусур му пошло од рака да ги украде овците од Хесперидиното стадо заедно со самите Хеспириди.

Меѓутоа, нив ги ослободил Херакле, совладувајќи го лошиот крал. Мистериите на Деметра биле пренесени низ тогашниот свет сé до Египет. Кога Дорците ја освоиле Пелазгија во XI век пред Христа, ги протерале сите жители на Пелопонез, а со нив и Деметрините мистерии. Единствено се сочувале кај аркадските Пелазги, кои не биле протерани. Со реконструкција на митолошките случувања и рекогнисцирање на топонимите може да се заклучи дека сето ова се однесува на просторите на Панчевачкото мочуриште, Дунав, Стишко-Пожаревското Поле и Хомољ.

Продолжува

Sh Donco  slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *