Предложените измени и дополнувања на 17 закони во прво читање денеска беа прифатени од членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет, кои препорачаа нивно проследување во натамошна собраниска процедура.
Меѓу предлог-законите кои денеска поминаа се измените на законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за игрите на среќа и за забавните игри, за административните такси, за пријавување и евиденција на обврски, на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост….
Заменик-министерката за финансии Ширет Елези пред членовите на Комисијата образложи дека сите 17 предложени закони се по редовна постапка и се врши нивно усогласување со Законот за прекршоци кој е донесен од Собранието во февруари минатата година.
Fantastic perspective! The points you made are thought-provoking. For additional insights, check out this link: FIND OUT MORE. What do others think about this?