Митолошка и теонимска ономастика на Панонија – Хидроними

Хидроними

Дунав е меѓународна река, по големина втора во Европа (по Волга), најголема на српските простори и на Балканот. Нејзиното латинско име е Danubius. Етимолошки се работи за кованица која произлегува од зборот Διος-Ζευς (Dios-Зевс) чиј буквален облик е Δaν, Ζαν (Ден-Зан), се изведува од коренот δι, διος (di, dios)-блескав, „сјај небесен“. Во митологијата Зевс или Диас бил син на Крон и Реа, крал на боговите и луѓето, бог на небото и зачетник на сите природни појави. Генитив од Δαν (Dan) е Δανου (Danou)

Друг член на името Danubius е bius кој произлегол од зборот βιος, bios, латински vivius, т.е. живот, посебно човечки живот. Според Херодот, горниот дел на оваа река, од Тимок до изворот, се нарекувал Δανουβιος (Davouvios) додека долниот дел Ισρος (Istros). Оваа ономастика, исто така, е кованица од зборот `ιςτια или `εστια (istia или estia)-огниште, што значи на огниште гостољубиво да се прими или храни и друг член или дело, од зборот ρεο, ροος, ρους (reo, roos, rous)-струја, река, латински rivus. Значи, Danubius означува Зевсова река на животот, „божествена река“, односно „кралица на сите реки“. Исто е значењето на името Istros, река хранителка.

Од ова може да се заклучи дека Дунав е персонификација на богот Диос или Зевс во горниот тек, посебно Средно Подунавје, додека Истриос е персонификација на божицата Хестија, најстарата ќерка на Крон и Реа.

Хестиjа е една од дванаесетте олимписки божества и персонификација на оган во огниште, што асоцира на огништето Лепенски Вир. Зевс í доделил почесно место во средиштето на секоја куќа, како и во сите храмови, каде што í принесувале жртви. Зевс-Диос (Дунав) ги хранел и снабдувал со нектар и амброзија многубројните речни убавици-нимфи, т.е. притоките од левата и десната страна, а тоа биле притоките на Средно Подунавје.

del2

Реката Тиса

Тиса (Θυσσος, tissos, од глаголот Θυω, Θισω, tio, tiso-жртвување заради бог) е персонификација на една од нимфите (самовили), на која божицата Реа í го дала својот син Зевс да го негува и одгледа. Нимфите во митологијата се бесмртни и најчесто поврзани со водата која дава живот. Нив ги сметале за ќерки на Океан или на боговите на некои реки. Тиса е долга 1070 км.

Реката Тамиш или Темиш е персонификација на титанката Темида (θεμίs). Реката Нера е персонификација на богот Нереј (Νερευs).

Сава (осн. σα, σως, sa, sos-јак, силен, сигурен), што е карактеристика на оваа голема река. Со суфиксот –ava, Сава е силна река која на богот Зевс (на Дунав) му налевала нектар и го хранела со амброзијa за да биде бесмртен и натприроден. Од хидронимите Сава води потекло и името Sabazios (Σαβαζιος), од Сава.

Во митологијата Сабазиј е тракиско-фригиско божество. Негов татко е Зевс, кој во вид на змија се соединил со Персефона, жена на Хад, во неговите дворови крај реката Стиг. Богот Сабазиј го славеле оргиски луѓе налик на Дионис, осoбeно жените од простиот народ. Неговото име се поистоветува со денешниот град Шабац. Првпат името Шабац се споменува во 15 век  во летопис кој е сочуван од 1476 година. Таму пишува дека Шабац се викал Заслон, што би значело засолниште, по името на некој брег каде што била првата локација на градот. Има тврдења дека името Шабац се споменува и порано, уште во1074 година.

Дрина е најголема притока на Сава. Етимолошки основа е δρυς, dris-дрво, посебно дабово дрво, сплав. Дријада (Δρυας-drias) е персонификација за шумски нимфи кои живееле и умирале во дабово дрво, по веројатно оттаму и Шумадија, голема област во Србија, меѓу Дунав, Сава и Морава. Дабот во митологијата како свето дрво, бил посветен на Зевс. Покрај тоа, Дриас (Δριας) е често име за тракиските и тесалиските митолошки херои. Тракиецот Дриас (Дријант) е еден од синовите на Ариј, учесник во ловот на Калидонскиот вепар и татко на кралот Ликург, кој се спротиставувал на воведувањето на култот на Дионис во Тракија.

del3

Река Дунав

Реката Морава е следната поголема притока на Дунав и главна река во Србија. Етимолошки, нејзината основа е mor, од индоевропскиот корен mori, словенско море, латински mare итн. со суфиксот –ava или од PBR μορος, moros-судење, судбина, смртна судбина. Во митологијата Мoros (Μορ-ος) е персонификација на зла судбина. Мороса го родила Ноќ (Νυξ, niks), како и неговите многубројни сестри Кери, Хеспериди итн.

Млава (StigaΣτu) (да рони, уништува) е долга 109 км, извира од Хомољските Планини и има значителна хидроенергија, посебно во Горњачката Клисура. По течението на реката, кај селото Батуша (осн. βαθ, βαθεος, βαθους, bat, bateos, batous-длабочина, провалија). Млава се разделува на помал источен и поголем западен дел, кои течат паралелно на блиско растојание од 1-2 км, сé до селото Дрмно (δριμυς, drimis-подмолен, лут). Источниот дел и понатаму го носи хидронимот Млава, а западниот Могила.

Во Средно Подунавје на Дунав постојат многубројни помали или поголеми ади.

Етимолошки зборот ада потекнува од палеобалканската глосологија  `αδης, hades и споредниот облик `αιδης, hajdes, што е кованица од самогласки кои означуваат негација а-без, не и зборот ιδειν, idejn-гледа, т.е. да се стори невидлив, односно хад. Овој збор е персонификација на Хад, богот на мртвите и гробовите, односно на подземниот свет, „додека Хад не ме скрие“. Во митологијата, богот Хад само исклучително излегува на светлоста на денот.

Според Хомер (Одисеја, X, 508 и понатаму), неговото царство, кое често се нарекува со неговото име, се наоѓа таму каде што течат подземните води на Стиг. Хад е син на Реа и Крон, брат на Зевс, Хера, Хестија, Посејдон и Деметра. По победата на боговите од втората генерација над Титаните (т.е. пробивањето на Ѓердапската Клисура), Хад, покрај Зевс и Посејдон, станал еден од владетелите на светот. Меѓутоа, Хад бил непријател на сé што живее и бидејќи на светлост излегувал во исклучителни случаи, тоа го правел во црна кочија.

Во преносна смисла, адите се речни острови кои за време на поголемо ниво на водата не се гледаат зашто се покриени со вода, а изронуваат кога ќе се повлече водата.

Продолжува

Sh Donco   slave

Пишуваат: АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ – ДОНЧО И СЛАВЕ КАТИН 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *