Во Битола промовирани етнолошки документарни филмови

НУ Завод и Музеј-Битола и Музејот на РС Македонија промовираа 13 нови етнолошки документарни филмови, чии автори се етнолозите Владимир Боцев и Елизабета Конеска.

Станува збор за етнолошките филмови „Професија во движење – крушевски калајџии“,  „Звукот на чеканот“ и „Белградскиот казанџија“ од Елизабета Конеска и „Курбан – жертвоприношение во селото Покрајчево“, „Џоломари“, „Бабарот што враќа кусур“, „Во името на Господ“, „Самовилска Вода“, „Говедар Камен“, „В година пак ќе дојдеме“,  „Возот за Мартолци“, „Ниту ќе го продолжи ни ништо“  и „Росе од Заград“ работени по сценарио, камера и режија на Владимир Боцев.

-Темите се различни, но најчесто застапени се обреди на жртвопринесување или попознато кај народот курбан, обреди со маски врзани за празникот Василица, потоа занаети, како што е занаетот на последниот ѕвончар од Битола…или, широк спектар на теми кои во Музејот се документираат и се врамуваат во филмски запис посветен на македонската народна култура, истакна етнологот Боцев.

ДВД-материјалот е лесно достапен до пошироката публика, а неодамна бил промовиран и во соседна Бугарија, односно во Бургас и Сончев Брег, информираа организаторите на промотивниот настан во Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *