Отворени денови на централниот регистер во Прилеп

Во рамките на проектот „Отворени денови на Централниот регистер“ денеска од 11 до 14 часот се одржа отворена инфо сесија во прилепската канцеларија на Централниот регистер.

Според Ирена Лазарова, задолжена за маркетинг и односи со јавноста на Централниот регистер на Македонија, проектот се одвива во сите градови за што поблизок контакт со граѓаните и за решавање на нивните проблеми што се однесува до контактот со оваа институција. Според податоците и во прилепската канцеларија поголем е бројот на оние кои отвораат правен субјект.

-Статистиките покажуваат, па и во прилепската регионална канцеларија, дека многу е поголем бројот на правни субјекти што се отвораат отколку оние кои се затвораат. Тоа е генерално за сите канцеларии, па и за прилепската. Иако повеќето услуги централниот регистер ги нуди електронски, како и бесплатната техничка помош што им ја нуди на граѓаните, секогаш постои момент кога граѓаните би сакале директно да се сретнат со тим од институциите кој би им помогнал во дадени ситуации за решавање проблеми, затоа е оваа манифестација за да бидеме достапни до сите граѓани, корисници на услугите на оваа институција за да ги видиме кои се најчестите бариери што ги имаат спрема институциите, изјави Лазарова.

Сепак, граѓаните, главно се интересираат за отстранување на пречките на затворањето на правниот субјект иако треба да бид по службена должност.

-Најмногу имаме директен контакт со адвокатските здруженија, со здруженијата на сметководителите, со граѓаните кои некогаш имале правен субјект, за да добијат информации кој е начинот на затворањето и зошто нивниот правен субјект кој трба да е избришан по службена должност е сѐ уште во базата и до каде е таа постапка, објаснува Лазарова.

Инаку, во принцип, сите документи и потврди што ги бара централниот регистер се достапни. Најмногу по електронски пат, а граѓаните, според Лазарова,  се задоволни од тој електронски систем на пристапување и добивање податоци и за Централниот регистер е битно што сите корисници полека пристапуваат кон тој, електронски начин на добивање на услугите.

На проектот „Отворени денови на централниот регистер“ им претходеа и други проекти, како проектот „Е-поднеси сам“, креиран за граѓаните сами да поднесат барања за промени, како што се: промена на електроското сандаче, да регистрираат работно време и сѐ што им е законски дозволено.

Проектот „Отворени денови на Централниот рењгистер“ останува да се одржи уште во Охрид и во Скопје.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *