Штипскиот градоначалник на средба со најдобрите студенти на Медицинскиот факултет

Александар Лонгуров и Стефан Коцев се најдобрите студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип. Добитници се на меморијалната награда „д-р Марија и Емилија Кукубајски“ за најдобри студенти и млади специјалисти по медицина за 2019 година и по тој повод градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски оставри средба со нив.

-Денеска имав можност да поразговарам со двајцата најдобри студенти на медицинскиот факултет, Александар Кангалов и Стефан Коцев. Им честитам за нивните награди коишто ги добија од значајни професори и институт, вели  Бочварски.

Стефан и Александар ја искажаа својата благодарност до сите кои им укажале чест за нивните успеси. Порачаа дека оваа награда е голема морална поддршка за да продолжат со нивните успеси.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *