МД „Илинден“ бара од Албанија итна ратификација на Спогодбата за отворање на културно-информатвен центар

Македонското друштво „Илинден“-Тирана во име на Македонците во Републка Албанија ја повика владата ѓшто побрзо да го достави до Собранието потпишаниот договор меѓу Северна Македонија и Албанија за отворање на македонскиот културно-информатвен центар во Тирана за негова ратифкација.

– Го изразуваме нашето незадоволство бидејќи и по шест месеци од потпишувањето на Договорот меѓу двете држави документот не е ратификуван. Ја повикуваме владата на премиерот Еди Рама под итно да го испрати Договорот за ратификација во Парламентот, а од претседателот на Парламентот Грамоз Ручи веднаш да го стави на дневен ред. Сметаме дека отворањето на Македонскиот културен центар во Тирана е многу важен за блатералните односи и дополнително ќе ја унапреди соработката меѓу двете држави, вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Се додава дека со отворањето на центарот ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат взаемната соработка и да го презентираат своето творештво.

Културно-информативниот центар е предвиден со договорот меѓу владите на двете земји кон крајот на мај годинава.

За директор на Центарот е именуван Златко Орѓански, кој исто така преку Фејсбук реагираше на бавноста на албанскиот Парламент во ратфикацијата на Договорот, со кој албански културно-информативен центар се отвора во Битола.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *