Втор уписен рок на Универзитетот во Тетово

Од денеска до 13 септември трае вториот уписен рок на Универзитетот во Тетово за новата академска 2019/2020 година.
Во текот на неделава потребна е апликација на интернет страницата на Универзитетот, како и да се достават потребните документи.
-Процесот за упис на новите студенти се одвива во сите академски единици на Универзитетот во Тетово, каде кандидатите врз основа на објавениот конкурс можат да аплицираат во оние студиски програми каде се уште има слободни места, информираат од Комисијата за запишување.
Третиот и последен рок за пријавување е на 23 и 24 септември. Првиот уписен рок беше од 23 до 30 август.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *