Се реконструираат велешките улици

Општина Велес со ангажирање на ГП „Изгрев инженеринг“ минатата и оваа недела врши крпење на главните и споредните велешки сообраќајници. Крпењето се изведува во согласност со годишната програма за изградба и реконструирање на локални патишта и улици во општина Велес, кое треба да заврши до крајот на месецов, а за улиците со коцки ќе се изведува наредниот месец.

Како што информира за МИА,Снежана Дервишова од службата за градежништво на општина Велес, крпењето се одвива според предвидената динамика, а во прилог одат и поволните временски услови за изведување на градежните активности.

Од предвидените три милиони денари од општинскиот буџет,  досега е потрошен еден милион.

Во рамките на оваа програма беше направено сообраќајно решение кај бензинската пумпа „Црна река“, а до крајот на годината нови сообраќајни решенија треба да се направат и кај поштата и ДОЗ, како и регулирање на улицата кај ООУ „Васил Главинов“ која се планира да биде еднонасочна, информира Дервишова.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *