Почна асфалтирањето на дел од штипската улица „Сутјеска“

Почна асфалтирањето на дел од улицата Сутјеска. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, кој денеска изврши увид во градежните работи истакна дека општината продолжува со работни активности во насока на подобрување на инфраструктурата за граѓаните.

Тој истакна дека се работи на обнова и санација на асфалтната површина на улицата „Сутјеска“ во населба Автокоманда која беше во дотраена состојба.

-Работиме на асфалтирање на целосно нов слој на асфалт, инвестиција околу 1,5 милиони денари или 25.000 евра, вели Бочварски.

Во претходниот период ЈП „Исар“ на оваа улица работеше на реконструкција на водоводната линија, аинвестицијата беше  во висина од 70.000 евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *